Герасимовски: Се санира пешачката патека од хотел „Best Western“ до Министерството за финансии


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби активно работат на санација на пешачката патека што води од хотел „Best Western“ на улица „Македонија“ до Министерството за финансии. Оваа интервенција е на барање на жителите кои живеат во околните згради. „Со санацијата на оваа пешачка патека не само што им излегуваме во пресрет на барањата на […]

Без вода дел од Маџир Маало


Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Маџир Маало.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цевка на улица „Кеј 13 Ноември“ број 64. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности

Корисници од дел од Аеродром без вода поради дефект на ул. „Руди Чајавец“


Корисниците од улиците „Руди Чајавец“, „Вангел Тодоровски“ и дел од ул. „Коста Новаковиќ“ во Аеродром вечерва ќе немаат вода поради уличен дефект ул. „Руди Чајавец“ бр.4. Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 20.15 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти


 Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе […]

Меѓународна музичко поетска вечер „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“


Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе […]

Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел


Д-р Никола Божиновски денеска е избран за нов претседател на Советот на општина Бутел, соопштија од Општината. Во соопштението до медиумите се посочува дека д-р Никола Божиновски е специјализант во ЈЗУ “Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија”, како и дека живее во Бутел 2 и добро ја познавал „душата на општина Бутел“. Божиновски работеи и како […]

Без вода шест улици во Скопје


 Без вода во моментов се корисниците на дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Злетовска“, „Демирхисарска“, „Слан Дол“, „Овчеполска“ и „Јован Хаџи Шишко“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, причината е скината цевка на крстосницата од улиците „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“. Од претпријатието нагласуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Инвестициите од ЕМОФ остануваат за студентите – подобри услови во домовите


Организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025 претставуваше огромен предизвик, но во исто време и можност да се покаже што значи вистинска подготвеност, тимска работа и визија. Една од клучните локации за реализација на фестивалот беше студентскиот дом „Гоце Делчев“ кој за време на фестивалот, функционираше како т.н. олимписко село. Токму таму беа сместени […]

(Галерија) Ѓубрето царува покрај Вардар под Калето


Ѓубрето во Скопје веќе одамна го има окупирано градот. Не се ни крие повеќе по затскриени агли, темни улички, обрастени патеки. Напротив, распослано е на отворени места, каде фреквенцијата на луѓе е голема и секој може да го види, а и да придонесе со својот џебен отпад. Плоштадот, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“, кејот на […]

Арсовска: Илинден е вечен симбол на борбата за слобода


Илинден е вечен симбол на борбата за слобода на македонскиот народ и на основите на нашата државност. Борците кои ги жртвуваа своите животи за Македонија беа водени од храброста и стремежот за создавање независна држава. Денес ги одбележуваме 122-годишниот јубилеј од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со оддавање почит пред […]

Ѓорѓиевски за Илинден: Имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја


Градоначалникот на Општина Кисела, Вода Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод Илинден – Денота на Републиката со порака дека „на 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажале на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив, а дека денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и […]

Шукова: Не смееме да ги заборавиме тие кои се бореа за нашата држава, но и дека треба да градиме нова иднина кон ЕУ


 Не смееме да ги заборавиме тие кои се бореа за нашата држава, но и дека треба да градиме нова иднина, истакна во изјава за медиумите потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова по положувањето цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Плоштадот „Македонија“. -Во Скопје денеска бевме тука да се поклониме за оние коишто се […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден


 Во Скопје денеска од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август. – Поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август, денеска со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки […]

Пo повод Илинден, посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 9 часот, па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје. Сообраќајот ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на […]

Без вода дел од Општина Карпош


 Без вода денеска од 09:30 часот ќе бидат корисниците од  улиците „Осло“, „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Женевска“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4) на ул.„Будимпештанска“ 26А. Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со […]

Арсовска со задоволство ќе се соочи со Ганиу, има 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир


 Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, таа детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и […]

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево 


    Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.   -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на […]

Расчистен просторот во Паркот на новинарите, спроти „Нова Македонија“


Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот […]

Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани. Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце. Од 08:30 до 15:30 […]

Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм


Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да […]