Извештаите на ФИДИК и ДЗР за автопатот Кичево – Охрид ќе бидат на следната владина седница


Извештаите од ФИДИК експертот и од Државниот завод за ревизија ќе бидат на следната седница на Владата и тие треба да го дадат одговорот што понатаму со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми вечерва во отчетот за реализираното во оваа година.  Во изјава за медиумите […]

Како да ги продолжите студентските билети за бесплатен превоз во ЈСП за 2024?


Студентите – корисници на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз потребно е да го продолжат истиот, односно да го заверат за 2024 година, доколку сакаат да користат јавен превоз и во текот на наредната година. Билетите треба да ги продолжат студентите од втора и повисоките години, односно оние студенти чии билети имаат […]

Пендаровски ќе им додели Орден за заслуги на Тодоровски, Ангеловски и Мјаку, Медал за заслуги за К-15


Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 декември 2023 година, вторник, на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку. Медал за заслуги за […]

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата


Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да […]

Не отворајте прозорци, надвор носете маска – ИЈЗ со препораки при високо аерозагадување


Аерозагадувањето е високо деновиве, посебно во главниот град, па заради заштита на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички), во моментите кога нивните концентрации се драстично зголемени, Институтот за јавно здравје има низа препораки за населението кои треба да се почитуваат. „Во градовите со „екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух, населението треба […]

(ФОТО) Арсовска игра шах со Дедо Мраз – чека резултати од Финансиската полиција за украсувањето


Скопската градоначалничка Данела Арсовска попладнево на својот фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како игра шах со Дедо Мраз. Симболиката на фотографијата не е случајна бидејќи во објавата Арсовска пишува: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…“ Објавата на градоначалничката следува откако за денеска беше најавено дека во Град Скопје ќе влезат […]

Бесплатно вино на тродневниот новогодишен фестивал во паркот „Авионче“


Од денеска, па се до 27-декември, во скопската населба Аеродром во паркот „Авионче“ ќе се одржи новогодишниот фестивал „Новогодишна Бајка“. Овој фестивал освен храна и вино на скопјани ќе им овозможи и добра забава каде ќе настапат бројни македонски музички ѕвезди како: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, […]

Струмица под мерки за намалување на аерозагадувањето


Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и […]

За 2-3 години Македонија може да има свој сателит во вселената


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска информираше дека за две до три години, Македонија може да има свој сателит во вселената. -Тоа значи многу и за државата, но и за дигитализација на општеството. Да имате орбитална пзиција во вселената е битен фактор за две работи – мора еден ден да размислуваме за […]

Отворена школа за доење во Клиничка болница Тетово


Министерот за здравство Фатмир Меџити, заедно со генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев денеска ја промовираа „Роса школа за доење“ во Клиничка болница Тетово. Тие потпишаа и меморандум за соработка за опремување на уште две нови школи за доење во јавни здравствени установи во државата. Овој месец, освен во болница во Тетово опремена е […]

Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво


Скопското астрономско друштво (САД) организара изложба на астрофотографија по повод 25 години на ова астрономско друштво.  Од САД информираат дека изложбата ќе биде отворена вечер на 25.12.2023 година во 19:00 часот во Кинотека на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопско астрономско друштво направени на различни локации низ Македонија. Целата е […]

Меџити: Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки за пушењето. Ова го кажа во тетовската болница каде присуствуваше на промоција на соба за доење, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преземат дополнителни мерки поради интензивирање на загадувањето на воздухот и проблемите на луѓето со респираторни заболувања. -Денес зборувавме […]

Јовески го заврши мандатот со анкета дека граѓаните имаат доверба во судството


Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска, по што тој ѝ се обрати на јавноста и на јавните обвинители. Јовески во своето поздравно обраќање кажа дека во последниот извештај на Европската комисија, навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. […]

Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро


Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст и оваа година ја накитија новогодишна елка. Тие заеднички потоа елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода кај Градиште. Оваа година китењето и поставувањето на елката под вода е посветена на децата со […]

Стабилно и релативно топло време до крајот на неделава


Периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер продолжува и во наредните денови. Ќе биде релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до -4, а максималната денвна ќе достигне 18 степени.

Институт за судска медицина: Се оградуваме од сите неофицијални информации за обдукцијата на Ѓорчевска и Жежовски


Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор ќе биде наведен Институтот, посочуваат од оваа институција по објавата на еден електронски медиум, кој вчера објави информација за начинот на кој била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. – Категорично тврдиме дека овој медиум не добил […]

Во Скопје, Тетово и во Куманово има најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош


Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за капацитетитена итната медицинска помош, во земјава  недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа. Како што е […]

Без вода дел од Капиштец


Поради водоводен приклучок ф-80 мм на крстосницата Мајка Тереза/Козара, без вода од 11:00 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „Козара“, вклучително и градинката, соопшти ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Без струја делови од Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Сопиште


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Сопиште. Како што соопшти РЦУК-Скопје, од 10:30 до 15:00 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул. „Стогово“ во Ѓорче Петров, а од 8 до 13 часот корисниците на бул. „АСНОМ“ бр.106 […]

„Празнична приказна“ со предновогодишни настани од вечер до 7 јануари на плоштад „Македонија“


Под мотото „Градот убав ве кани сите“, вечерва во 18 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје стартуваат предновогодишни  настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија. Градоначалничката Данела Арсовска ќе се обрати во 19 часот веднаш по настапот на „Дајте музика“, а во исто време започнува празничниот базар, како […]