Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква


Спасени се лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Како што појаснуваат од ЦУК, заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот. – Тоа е кусата повратна информација од терен по спасителната акција […]

Одбележување 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце


Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг. Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од […]

Најниската температура измерена утрово – 8 степени, во текот на денот до 9 степени


Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен. Најмногу снег […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, […]

Земјотрес со интезинтет од 3,8 степени почуствуван во Ресен, Охрид, Струга, Битола и Кавадарци


Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почуствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.  -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, […]

Студено утро, преку ден сончево со локална облачност


Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -9 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 12 јануари 2024 година, 12-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 354 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 9 часа и 22 минути.  Месечината, која е во фаза на млада Месечин ќе изгрее во 8 часот и […]

Нема повредени пациенти или медицински персонал по пукањето пред тетовската болница


По пукањето пред Ургентниот центар во тетовската болница нема пријави за повредени пациенти или медицински персонал, изјави д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово. Тој информираше и за состојбата на двајцата браќа кои се однесени во Клиничкиот центар во Скопјe. – Едниот беше во покритична состојба. Беше интервенирано од наша страна и со екипа од […]

Мехмедовиќ: Основниот елемент на превенција против големата кашлица е вакцинацијата


 Најефикасниот начин да спречиме ширење на пертусис (голема кашлица) е вакцинацијата, не е ни затворањето на граници, не е ниту носењето маски, не е ниту миењето раце, иако не смееме да ги минимизираме како заштитни мерки, вели д –р Злате Мехмедовиќ  од Комисијата за заразни болести. Тој во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на […]

Компјутерџии и медицинари се дел од првата генерација стипендисти на Министерството за одбрана


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата дефинирани како критични специјалности денеска во Министерството за одбрана потпишаа договори за стипендирање. „Веруваме во младите луѓе кои се мотивирани и можат да бидат додадена вредност за одбраната и за Армијата. Ги мотивираме и им […]

Парадокс е кога од таткото имотот го зема синот, немаме законска можност да го ограничиме тоа, вели Небиу за Мијалкови


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу во изјава за МИА вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков. -Ова што […]

Триесет дена куќен притвор за Беким Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу […]

Томовска: Инспектори од Државниот инспекторат за труд почнаа со надзорот во М-НАВ


Тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска влегоа во М-НАВ и почнаа со инспекцискиот надзор. Инспекторите со надзорот ќе продолжат и утре, бидејќи станува збор за голема и обемна документација, вели директорката на ДИТ, Весна Томовска. Томовска рече дека ќе ја разгледуваат документацијата околу вработувањата, како и тоа дали синдикатот има најави за […]

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи


Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. На седницата беше истакнато дека одлуката за отфрлање на доставената документација од Фетаи, на претходната 94. седница кога Советот […]

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, ништо алармантно со големата кашлица


Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.   – Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски. […]

Клиничката болница во Тетово не може да стави ограда, дел од земјиштето било приватизирано


Директорот на Клиничка болница Тетово Илир Демири на прес-конфернција побара државните институции да обезбедат услови неговата установа да може да го обележи и огради имотот затоа што, според него, неодамна биле спречени од поединец кој приватизирал дел од земјиштето. Демири вели дека проблем има и поради тоа што во приватизираниот дел од дворот спаѓа и […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа сите амандмани за измените на Законот за игрите на среќа


  Собраниската Комисија за европски прашања денеска продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. На почетокот на седницата на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара да бидат повлечени сите амандмани поднесени од него и од колегата пратеникот Тони […]

Што е големата кашлица, колку е опасна и колку може да трае?


  Пред само една година кај нас и во регионот речиси немаше регистрирани случаи на голема кашлица, сега бројот на заболените постојано расте. Српскиот вирусолог д-р Ана Банко во текстот за онлајн магазинот „Велике приче“ вели дека големата кашлица повторно ги разгорува дискусиите за причините за падот на довербата во вакцинацијата. И додека циклусите на […]

Тепачката била зад грбот на Беким Незири, тврди неговиот адвокат


  Кривичнииот совет денеска расправа за жалбата на Јавното обвинителство околу неопределувањето притвор за Беким Незири и уште тројцата насилници кои упаднаа во М-НАВ. Незири од ДУИ е еден од осумтемина осомничени за насилниот упад во Навигација кој се случи пред точно една недела. Незири дојде нормално во Судот, во придружба на својот адвокат Еленко […]

Беса Адеми дојде на редовна седница на Судскиот совет


  Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, денеска се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472. седница. Ова следува по јавната седница што се одржа на крајот од изминатиот месец, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на претседателката […]