Облаци прашина од рушењето на објектот на Јужен булевар – Општина Центар им прати инспектори


Инспекциските служби на Општина Центар спроведуваат интензивни контроли на активните градилишта со фокус на јавната чистота и намалување на аерозагадувањето, се наведува во општинското соопштение. Како што се вели во соопштнието изминативе денови биле звршени надзори на десетина градилишта, при што дел од инвеститорите се опоменати, а пропишани се и казни за нарушување на јавниот […]

Во Скопје отворена изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“


По повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 Јануари, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, синоќа,  беше отворена изложбата „Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“. Изложбата е во организација на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница, со цел да се […]

Делови од Студеничани, Петровец и Карпош без струја


Без струја денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од Студеничани, делот кон село Морани, во општина Студеничани. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во околината на бензинската „Макпетрол“ и околината на автоперална „Ветон“, во општина Петровец. Без снабдување со електрична енергија од 9:00 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 26 јануари 2024 година, 26-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 340 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 40 минути. Денов трае 9 часа и 47 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени


Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала […]

Лица од МВР, судови, обвинителства, министерства… биле соработници на криминалната нарко-група


Лица од повеќе државни институции, вклучувајќи го и МВР, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него, утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства,… -Утврдивме лица од институции на државата кои […]

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители


Јавната обвинителка Зорица Павловиќ од Основно јавно обвинителство Скопје доби најмногу гласови на изборите за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, со изборно место број 3. Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители […]

Над 4.000 решенија за присилна наплата за данок на имот изготви Општина Штип


Општина Штип изготви вкупно 4.024 решенија за присилна наплата на данок на имот. Од вкупната бројка, 3.020 се однесуваат на неплатен данок на имот од физички лица, а 1.004 се за неплатена фирмарина, односно данок на имот од страна на правни лица. Раководителот на Одделението Драган Каров денеска изјави дека Општина Штип кај правните субјекти […]

Судски совет не донесе одлука за делегирање на судијата Осман Шабани кој ги водеше предметите „Талир“ и „Титаник“


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница расправаше за судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје, да биде времено упатен во Основниот кривичен суд. По два часа расправа Судскиот совет со шест гласа „за“ и шест „против“ не донесе одлука за негово делегирање. Шабани го водеше […]

Министерот Шаќири ѝ даде мандат на истата директорка за која ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Коњановски


БИТОЛА – Министерот Јетон Шаќири приреди вистинска „игранка“ околу директорувањето во битолското средно Техничко училиште „Ѓорги Наумов“. Откако пред еден месец му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски во делот на назначување на директор во Техничкото и тој самиот се одлучи да ѝ даде мандат на доскорешната директорката Жанета Сервини, избор на градоначалникот Коњановски. […]

По повод еврејскиот празник Ту би Шват, засадени дрвца во паркот пред Меморијалниот центар


По повод еврејскиот празник Ту би Шват (Нова година на дрвото), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска организираше садење на дрва, во п арк пред Меморијалниот центар на холокаустот. Беа засадени пет дрвца, а учествуваше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел.  По повод 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од […]

Се пријавила да донира клетки за братот, а спасила друг пациент – отворен Центар за трансплантација на матични клетки


На Универзитетската клиника за хематологија од денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки. Центарот има модерна медицинска опрема со која може да се третираат 120 нови пациенти годишно. Сместен е на целосно нов кат на површина од 800 м2, и е донација од Амбасадата на САД, кои преку […]

За 41,7 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела


Нови 1.675 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје. Споредено со третата недела од минатата сезона бројот на заболени е поголем за 47,6%, а во споредба со третата недела од […]

Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“


Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ во должина од 10 километри, а во завршна фаза е изградбата на првите два километри од автопатот на оваа релација и се очекува да бидат пуштени на крајот на март. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие […]

Општина Тетово смени директори на јавни претпријатија


Општина Тетово денеска информираше дека се направени промени во раководството на некои јавни претпријатија, во обид да се подобрат нивните услуги и ефикасност за доброто на граѓаните на Тетово. Досегашниот директор на Јавното комунално претријатие „Тетово“ е поставен за раководител во новоформираното ЈП за водовод и канализација.   -Во Јавното комунално претпријатие „Тетово“, за директор […]

Пресуда за Ласкарци – за возачот 14 години, за сопственикот на „Дурмо турс“ четири


  Пет години по ужасната несреќа кај скопското село Ласкарци процесот за одговорноста зошто се случи оваа трагедија денеска резултираше со судски пресуди, а најголема казна од 14 години доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски. На затворски казни беа осудени и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, како и вработените во […]

Министерот Шаќири и амбасадорката Агелер потпишаа продолжување на Фулбрајт програма за академска размена


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Анџела Агелер денеска потпишаа меморандум за продолжување на имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена. „Двете страни ја согледуваме корисноста од Фулбрајт. Размената на знаења и искуства е секогаш добредојдена и за САД како водечка земја во светот во […]

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка


Општина Тетово воведува автобуски превоз за граѓаните до Попова Шапка за време на деновите од викендите, со цел граѓаните да можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Најавуаат дека ќе почне овој викенд, а повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари. -Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да […]

Променливо облачно, од недела слаб снег на планините и пониски температури


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег […]