Зголемен бројот на откриени илегални мигранти во првите два месеци на јужната граница


На подрачјето на Регионалниот центар за гранични работи Југ за првите два месеца бележиме откриени 1057 (1009 во 2023 година) илегални мигранти или зголемување од 5 отсто од кои 14 (68 лани) илегални мигранти се на Полициската станица за ГП и ГН Стар Дојран или намалување од 79 отсто Во делот на криумчарење мигранти откриени се 13 (3 лани) случаи или зголемување од 3 пати од кои 1 (1) случај се на ПС за ГП и ГН Стар Дојран, изјави денеска во Дојран дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојманцалиев, кој имаше работни средби со раководствата на СВР Струмица, Одделението за внатрешни работи Гевгелија и Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, а оствари работна средба и со градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.

Бојманцалиев додаде дека во првите два месеци од 2024 година во однос на минатата 2023 година, СВР Струмица бележи намалување на регистрираните кривични дела со непознат сторител, односно регистрирани се вкупно 64 (78 лани) кривични дела, но има процентуално зголемување во нивната реализација, односно, во 2024 година постигната е 10% поголема ефикасност во реализацијата на овие дела во однос на истиот период минатата 2023 година.

-Најмногу кривични дела во јануари и февруари 2024 година, СВР Струмица има поднесено за „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, при што се поднесени вкупно 9 кривични пријави за сторени 12 кривични дела против 14 сторители, рече Бојманцалиев.

Истакна дека е ставен е акцент и на превенцијата, со вкупно реализирани 126 (45 лани) превентивни активности по проекти, трибини и средби со граѓани.