Без струја утре дел од Ѓорче Петров, Центар, Зелениково и Илинден


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров, Центар, Зелениково и Илинден.

-Утре во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Манчу Матак“ во  општина Ѓорче Петров, од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ул.„Партизанска“ бр.58 во општина Центар, од 9:00 до 15:30 часот дел од корисниците од село Зелениково (делот кај млекарата) во општина Зелениково и од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улица „11“ во село Кадино, општина Илинден, соопшти РЦУК Скопје.