Велешани повторно мамат и заработуваат на Трамп


По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, открива Радио слободна Европа. Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, […]

ЦУК: Изминатото деноноќие девет пожари на отворено


Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за […]

Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност


Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се […]

„Украина – две години хероизам“ мултимедијална конференција


Амбасадата на Украина, во соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска организира голема мултимедијална конференција насловeна „Украина – две години хероизам“ што ќе се одржи во Музејот на македонската борба за независност, во Скопје. Како што наведуваат организаторите, форумот ќе го отворат претседател Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир, а […]

Без струја дел од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Николај Островски“, „Антон Чехов“, „Пелинце“, „Лазо Дамовски“, „Австралиска“ и ОУ „Страшо Пинџур“ во Општина […]

Облачно и релативно топло време, со локален дожд


Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од четири до девет, а максималните ќе достигнат од 11 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и […]

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила


Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за влез на товарни возила. Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. -Преминот Евзони е блокиран од 18:30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка […]

Фотографираните во „Пролет“ и „МТВ“ може да проверат на интернет дали им е готов пасошот


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“  да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на […]

Бојмацалиев: Ја постигнуваме бројката од 1.734.000 обрасци за патни исправи, МВР ја има предвидено потребата на граѓаните


Зголемената фреквенција во управните служби со издавањето на личните документи, што настана по стапувањето на сила на техничката влада е резултат на сценарио кое е политички мотивирано. Имено, има два клучни моменти. Прво, е систематското создавање на илузија преку лансирање на флоскулата Никогаш Северна, што евидентно влијаеше на намалување на интересот на граѓаните за замена […]

Независниот синдикат на здравствени работници најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата


Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.  На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би […]

Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“


Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба. Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Долгото чекање термини во јавното, ги „брка“ пациентите кон приватното здравство


Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побрзо да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство каде услугите се поскапи. На секој вработен, од платата секој […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 25 февруари 2024 година, 56-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути. Денов трае 11 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво


Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи би сакал да го истакнам следново: Како министер за внатрешни работи, а пред […]

Во Штип се сообраа над 500 извидници по повод Светскиот ден на извидниците


По повод  Светскиот ден на извидниците, денеска во Домот на млади во Штип се одржа централната прослава. Учество земаа 520 извидници  и 60 волонтери од тринаесетина градови од државата. Дарко Тошиќ од извидничкиот одред во Штип рече дека одбележувањето на самиот ден се заокружува со три паралелни настани – изложба, крводарителска акција и запознавање на […]

Арсовска садеше дабови дрвја на Водно


Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.     На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата […]

Независен полициски синдикат: Политиката надвор од полицијата


Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. – Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој […]

Земјотрес почувствуван во Струга и околината


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата.  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.

Марш на „Лесја Украинка“ на годишнината од почетокот на војната (галерија)


Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ одржа мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина. Настанот почна на алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа продолжи пред амбасада на руската федерација. Фото: Б. Грданоски