Исчистени исламските верски објекти за Рамазан Бајрам


Во пресрет на најголемиот муслимански верски празник – Рамазан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и околината на поголемите исламски верски храмови на територијата на градот Скопје.

Со употреба на три автоцистерни, беше извршено миење на дворовите на џамиите Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамиите Хаџи Азем и Амди Бајрам во Шуто Оризари, џамијата Фетах Ефенди во Бутел, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.

Воедно, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведуваат активности за рачно и машинско миење на главните и споредните улици во општините Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба и Сарај, каде што деновиве се очекува зголемена фреквенција на граѓани по повод одбележувањето на празникот Рамазан Бајрам.