Се гасат пожари без функционални хидранти, им фалат и пожарникари


Фото: Б. Грданоски

Пожарот во универзалната сала е локализиран, без жртви и со неутврдена штета, а го гасеа 24 пожарникари со девет возила.  Се покажа дека хидрантите едвај се дотапни за вакви ситуации и интервенции, често немаат вода, а пожарникарите од Скопје тоа го знаат, па секогаш се трудат да донесат вода на местото на пожарот во координација до „Комунална хигиена“ и „Водовод“. Како што беше и денеска.  Сепак, она што најмногу фати, тоа се пожарникари.

– Во 9.50 минути примена е дојава за настанат пожар во универзална сала. Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот центар во населбата Тафталиџе, коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб на чад и веднаш побараа дополнителна помош. Вкупно интервениравме со девет противпожарни возила со 24 пожарникари. За релативно кратко време благодарение на пожртвуваноста на колегите пожарот беше ставен под контрола, иако имавме висока температура во самиот објект – рече командирот на пожарникарите Звонко Томевски.

Томевски се заблагодари на полицијата што овозможила побрзо да стигнат пожарникарите на местото, како и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод“ кои континуирано ги снабдувале со вода.

Причините сѐ уште не се знаат, а ќе ги утврди полициска екипа надлежна за тоа. Нема повредени, поради тоа што во моментот немало работници внатре. Некои од околните жители се пожалиле на вдушување чад, затоа што поради високата температура, биле зафатени и некои ролетни, но повредени нема. Штетата не може да се утврди затоа што не се знае сѐ уште што имало внатре.

– Тоа е стара болка. Хидрантската мрежа, ние такаречено никогаш не се потпираме на нејзе. Секогаш се трудиме да донесеме вода, на местото, како средство за гасење за да биде ешто поефикасни. Така и денеска се организиравме со „Комунална хигиена“ и „Водовод“, рече Томевски.

Тој истакна дека уште поголем е проблемот со недостиг на пожарникари, затоа што само 40 отсто од работните места се пополнети, а следува сезона на пожари. Апелираше до властите, што побрзо да се вработат нови пожарникари.