Променливо време со дожд и во наредните денови


Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до три, а максималната денвна ќе достигне 26 степени.

Џафери ја повика Данела да ја искоси тревата пред Владата


Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни чија е таа обврска според процедурите и прописите –  дека земјиштето е во надлежност на Град Скопје. -Владата нема предвидено средства, ниту може да предвиди средства за работи кои што се […]

Комплетирани дигиталните катастарски планови на територија на цела држава


Комплетирани се дигиталните катастарски планови во државава откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS).  Агенцијата за катастар на недвижности информира дека со оваа платформа се врши размена и дистрибуција на податоци и таа […]

Симулација на полагање на државна матура во две средни училишта во Штип


Во две средни училишта во Штип денеска се реализираше симулација на полагање на државна матура за матурантите, кои на 1 и 8 јуни официјално ќе полагаат државна матура. Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, изјави дека симулацијата ја прават по анкетирањето на повеќе од 100 матуранти, кои над 90 проценти одговориле […]

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата


Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери. Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на […]

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Македонија


Комисијата оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. -Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската […]

 Лицата со попреченост од Општина Центар ќе може да користат бесплатен превоз до болница


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или […]

ВМРО-ДПМНЕ почна да ја повикува Данела Арсовска на оставка


  Откако на локалните избори Данела Арсовска беше силно поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, сега по парламентарните избори, токму нејзиниот најсилен поддржувач и единствен „виновник“ што Скопје доби „мајка“ ја повикува на оставка.  Скопјани пред сѐ, а и нејзиниот силен поддржувач, се разочарани од испорачаното, на онаа која беше најавувана како способен менаџер, па на нејзина смена […]

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда


Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа е добиена пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда. Од ЦУК денеска соопштија дека веднаш по добиената информација Секторот за операции и координација ги известил […]

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“


 „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“  е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот […]

Променливо облачно и посвежо


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Одбележување на Меѓународната недела на сестринството


Со традиционална свечена академија, на која ќе се доделат признанијата за најхумана медицинска сестра, денеска во Скопје ќе се одбележи Меѓународната недела на сестринството што годинава се одржува од 5 до 12 мај под мотото „Нашите медицински сестри, нашата иднина, економската моќ на негата“. Настанот насловен „Инвестиција во сестринството за здрава нација – вистинско време […]

Отворен ден на УКЛО


На Факултетот за туризам и угостителство денеска во Охрид ќе се одржи третиот Отворен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ УКЛО. Како што соопштија од ФТУ, предвидени се панел дискусии на академската заедница од УКЛО и бизнис секторот, на најуспешните студенти од УКЛО, како и презентации на компании и факултети од УКЛО.

Крива Река се заканува да се излее


Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив. Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Истовремено, ЦУК, потсетува за голема […]

Уште недобиен мандатот, Мицкоски најави задолжување од една милијарда евра


  Уште  нестанат мандатар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повеќе од веројатно ќе биде идниот премиер, вечерва најави задолжување на државата од една милијарда евра, веднаш по формирањето на новата влада. Во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Мицкоски рече дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности. […]

ЦУК: Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово


Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот. За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот.

ОБСЕ: Изборите беа слободни, изборното законодавство е двосмислено и со празнини


Парламентарните и претседателски избори беа конкурентни и основните слободи беа почитувани иако процесот останува недоволно регулиран, а изборното законодавство обезбедува соодветна рамка за одржување демократски избори, но празнините и двосмисленостите ја загрозуваат правната сигурност поради што е потребна нивна ревизија. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за вториот круг од претседателските избори и […]

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележани пред Владата


Владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба, пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата, со што ги одбележа 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во состав на владината делегација беа министерот за локална самоуправа Ристо […]

Показна вежба на Баталјонот на специјални сили на Армијата на Охридското Езеро


Припадници на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ во текот на утрешниот ден во водите на Охридското Езеро кај Центарот за обука на вода во периодот од 10 до 12 часот ќе реализирааат показна вежба – препад на пловен објект. За успешна реализација на вежбата, во текот на денешниот ден од 13 до […]