Министерот Муцунски ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК) заедно со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и државите од Западниот Балкан.  На делот од заседанието на Советот на кое ќе учествува Муцунски, како што соопшти МНР, ќе стане збор […]

Од невремето во Пехчево настрадаа градинарските насади (фото)


Невремето проследено со врнежи од град со големина на лешник што синоќа го зафати Пехчево, предизвика штети на градинарски насади во пехчевско и околината. Невреме проследено со врнежи од дожд и грмежи имаше и во Пијанец. Од подрачната единица на МЗШВ најавија дека во текот на денот ќе ги посетат местата каде врнежите со град […]

Без вода дел од Карпош


Поради дефект денеска без вода ќе останат корисниците на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Орце Николов“ во општина Карпош. Како што информира јавното претпријатие „Водовод“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Седница на Судскиот совет


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи  491-та седница. На седницата, како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, ќе биде разгледано Упатството за измена и дополнување на Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, донесувањето одлуки за престанок на судии поротници нво Основниот суд Струга и […]

По невремето денеска сончево со температура до 38 степени, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, […]

ЦУК за невремето во Тетово: Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја


Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот број на Центарот за управување со кризи (112) пристигнати се голем број пријави за поплавени подрумски простории, одрони, поплавени подвозници и улици, прекини на електрична енергија, паднати дрвја и друго. Како што соопштија од ЦУК, […]

Се извлекува семејство заглавено во поплавена куќа во Сиричино


По големото невреме проследено со дожд и град, тетовци почнаа да ги санираат последиците. Центарот за управување со кризи информира дека во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување. И овој пат, како и досега најмногу штета претрпеа, куќите кај тетовската касарна и текстилното училиште, […]

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата


 Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ. Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“


Од невремето во Скопје, има паднат лимени огради на коловозот на потегот кај хотел „Русија“ до хотел „Хилтон“, во Аеродром. Паднати дрвја, покриви и огради на повеќе места го оневозможуваат сообраќајот во главниот град.  Некои улици се поплавени, па возилата едвај се движат.  Се повикува на внимателност при возењето, а ако нема потреба да не […]

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин


Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП Македонијапат. Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата […]

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео)


Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК. По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви… – Од невремето кое вечерва го […]

Невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје


Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток. Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и […]

Почина Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на ТВ АЛСАТ


Исуф Кадриу почина на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што беше на одмор со семејството. Оженет е и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана. Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде […]

ЦУК: На 112 има повеќе од 200 пријави на штети од невремето во Тетово


Повеќе од 200 пријави за штети има по невремето што попладнево го зафати Тетово, а на автопатот Тетово-Скопје има пријави за шкршени шофершајбни. Како што информира Центарот за управување со кризи  пријавени се штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на […]

Тетово погодено од невреме – се бара да се исклучи струјата во градот (видео)


Попладнево, Тетово беше погодено од невреме со силен дожд и град. Поплавени се повеќе подрумски простории каде интервенираат пожарникарите. Се очекува во следниот период граѓаните да пријават штети. – Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок […]

Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град


УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура. Утре времето ќе биде […]

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата


 Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација. МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни. -Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за […]

ЦУК: Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни


Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 12 пожари на отворено, од кои четири се уште се активни. Активни се пожарите во Општина Градско, меѓу селата Виничани и Свеќани, каде гори нискостеблеста шума и сува трева, во село Цер, Општина Кичево, каде гори нискостеблеста […]

Ќе се проширува патот Понов мост-Богданци, од утре времен сообраќаен режим


АМСМ информира дека од утре на регионалниот пат Р1109 ќе биде поставен времен режим на сообраќај поради реконструкција со проширување. Ќе се проширува делницата Понов мост – влез во Богданци.