Тошковски најави интензивни мерки за да се нормализира издавањето лични документи


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на првиот работен ден од својот мандат остварил работни посети на Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно да ја утврди фактичката состојба во делот на издавањето на личните документи. Тошковски во објава на Фејсбук констатира дека повторно е создаден хаос […]

Општините Кочани и Виница заедно ќе спроведат авионско прскање против комарци


Општините Кочани и Виница ќе спроведат координирана акција за прскање од воздух против комарците, со што се очекува да се постигне поголема ефикасност против здодевните инсекти. Со оглед што истиот оператор ќе го обезбеди авионскиот третман, двете локални самоуправи се договориле тоа да биде во ист ден. Градоначалникот на Виница, Миле Петков на денешната седница […]

Како да добиете обесштетување ако сте претрпеле штети од природни непогоди?


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи. Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на […]

Најмладиот новинар од Битола, Мартин Николовски ја доби наградата „Тоде Петревски“


БИТОЛА – Мартин Николовски, најмладиот новинар од Битола ја доби годишната награда „Тоде Петревски“ , што јубилејно, по дваесетти пат ја додели Битолски весник. Наградата е установена во чест на прерано починатиот новинар од Битола, Тоде Петревски, а се доделува на новинари од Битола. Во моментов Николовски е ангажиран во редакцијата на „Гласот на Америка“ на […]

Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање


Новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја презеде функцијата од досегашната министерка Каја Шукова. Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата. Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага […]

Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен, наесен ќе започнат градежните активности, најави Мицкоски


Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен и ќе биде завршен за два-три месеци, по што наесен ќе започнат градежните активности на самата болница, најави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој во посета на штипската болница беше заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, посочи дека изградбата на болницата, заедно со болницата во Кичево е заедничко […]

Кон крајот на неделата прва владина седница, тема и линеарното зголемување на пензиите


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип […]

Министерот Андоновски на средба со млади од ИТ секторот


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на првиот работен ден од мандатот на средба со млади од ИТ секторот порачал дека ќе работи на обезбедување услови за нивен развој и креирање иднина во државава. – Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да […]

Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања


Орхан Муртезани стапи на должноста министер за европски прашања по денешната средба во просториите на некогашниот СЕП, со поранешниот вицепремиер задолжен за ресорот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ. -И официјално ја прифатив функцијата министер за европски прашања. Им благодарам на граѓаните кои и дадоа доверба на Коалицијата ВЛЕН и на раководството на Алтернатива што ми ја […]

Шокаровски повторно медицински директор на Кардиохирургија


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик-министерката за здравство Маја Манолева само со нејзиниот потпис и дека ја одобрува таквата одлука. – Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија […]

Штип ќе добие нов затворен спортски центар со капацитет од 1.000 гледачи, поставен камен-темелник


Општина Штип официјално започна со градба на нов затворен спортски центар „Џексон“ со капацитет од 1.000 гледачи. Проектот е со вредност од 66 милиони денари, а рокот на изведба е осум месеци. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и премирот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот Иван Јорданов, министри, пратеници и советници од Штип. Градоначалникот Јорданов рече […]

Муцунски: Владата ќе биде фокусирана на европските интеграции


Новата Влада на Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на […]

Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува многу промени


Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што соопштија од МОН, по средбата Јаневска посочила […]

Некој им се заканува на уставните судии


Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани […]

Таравари ги разрешува економските директори, а ги посети и хируршките сали


Новиот министер за здравство Арбен Таравари, по примопредавањето на функцијата, веднаш излезе на терен да види што е проблемот со дисфункционланоста на хируршките сали во Клиничкиот центар. Таравари разговарал со сите директори и со директорот на општите служби, пруи што констатирал дека некои сали воопшто немаат никаков мирис, а во некои како на абдоминална хирургија […]

Судијката Билјана Иванова времено упатена за вршител на должност претседател на Основен суд Берово


 Судскиот Совет на Република Северна Македонија денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршител на должност претседател на Основен суд Берово. Беа донесени и одлуки за престанок на повеќе судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот, а беа и избрани нови судии поротници во […]

ИКС: Левица и Димитар Апасиев со најмногу штетни наративи на социјалните мрежи во мај


Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави седмиот и последен едномесечен извештај во рамките на истражувањето„Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), којшто претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во медиумите во мај 2024. Карактеристично за мајскиот извештај е што мониторингот се […]

Пенов му посака успешна работа на Перински во интерес на сите граѓани


Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за […]

Билјана Иванова ќе биде вршител на должност претседател на Основен суд Берово


Судскиот Совет денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршител на должност претседател на Основен суд Берово. Беа донесени и одлуки за престанок на повеќе судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот, а беа и избрани нови судии поротници во судот во Струга. На […]