До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час


Под влијание на исклучително нестабила воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град, соопшти УХМР. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на […]

Изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“ поради снимање филм


 Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, утре (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.  Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната […]

ЈО: Со спогодбите во „Синџир“ вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет


Јавното обвинителство соопшти дека со спогодбите во случајот „Синџир“, вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет. Согласно одредбите од Кривичниот законик во врска со овој предмет, на три правни лица за сторено продолжено кривично дело „даночно затајување“, судот им изрече парични казни од по 500.000 денари, на едно правно лице за истото дело му […]

Подигнати енормни количини отпад – дури 60 тони од диви депонии во Скопје


Во текот на изминатите два месеца, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се соочува со зачестена појава на  непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Екипите на претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии –  вкупно […]

Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета


Ситуацијата по завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализирана, соопшти ЦУК. Речиси 99% од повиците на 112, во текот на последното деноноќие биле барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферираат до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка. ЦУК информира […]

Северна Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје


Со 12,25 случаи на милион жители, Северна Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција […]

На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Премиера на документарниот филм „Се извинувам Кежаровски тука живее?“


Премиера на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од Миле Бошњаковски ќе биде одржана вечер во 19 часот во киното „Фросина“ во Младински културен центар. Во видео записот во два дела во вкупно времетраење од педесет минути, како се содржани директното сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и […]

Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“


Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“ ќе биде одржана денеска во хотел Мериот во Скопје. Проектот е финансиран и спроведен од Фондација Отворено општество – Македонија и Блупринт групата за реформи во правосудството. Клучните резултати од работењето на Блупринт групата ќе ги презентира Александра Цветановска, претседателка на […]

„На одмор сум во Скопје сум“ од 25 до 28 јуни во Општина Центар


Под мотото „На одмор сум во Скопје сум“, Општина Центар од 25 до 28 јуни ќе реализира серија настани наменети за сите деца и млади кои овие жешки денови ги поминуваат во главниот град. Во вечерните часови, на повеќе локации ќе се одржуваат спортски активности, театарски претстави за најмладите, креативни работилници. „Ако сте на одмор, […]

Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи


 Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје


Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. -Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен […]

Извлечено 16-годишно девојче паднато во увала во Струмичко


  Центарот за управување со кризи вечерва информира за успешна акција за извлекување 16-годишно девојче кое паднало во увала во Струмичко во близина на манастирот „Свети Илија“, кое имало повреди на главата. Девојчето е пронајдено и зивлечено и во моментот е на лекување во струмичката болница. Како што сооптија од ЦУК, вечерва околу 20.30 часот […]

Поради дефект кај Т.Ц. „Лиса“ без вода Реонски Центар Аеродром


Поради дефект на водоводната мрежа во близина на Т.Ц. „Лиса“ во Реонски Центар Аеродром, општина Аеродром во Скопје, има прекин на снабдувањето со вода. Екипа на ЈП „Водововод и канализација“ работи на отстранување на дефектот, во овој момент немаат информација колку време ќе нема вода.

Утре без вода две улици во Кисела Вода


Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 39, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.

Од среда почнува роденденската недела и културното лето во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција посветена на 69-тиот роденден општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето. Под слоганот, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” во среда започнува роденденската седмица која ќе биде одбележана со најразлични случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации. На повеќе сцени- […]

Карпош е безбеден од змии, денеска се поставуваше „репелент“


Службите на општина Карпош денеска ја продолжија акцијата за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите. – Стручните лица го поставија ова наменско средство во три детски игралишта во населените места кои гравитираат кон Водно, како и во каналот на кејот на реката Вардар, во непосредна близна на Скејт паркот. Претходно со […]

Падната топола го блокира патот од Битола кон селата Дрогожани, Секирани и Црновец


Сообраќајот на локалниот пат од Битола за селата Дрогожани, Секирани и Црновец, е во прекин попладнево од 15:50 часот, соопшти АМСМ. Причина за прекинот на сообраќајот е падната топола на патот.

Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава


Од 14 до 20 јуни, пријавени се 41 нов случај на пертусис, народски кажано голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 31, седум случаи се евидентирани од Куманово, два од Тетово и еден случај од Македонски Брод. Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а […]