ДСЗИ иницира формирање комисија за да се утврди дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен


Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина 30 часа од породувањето.  Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека на 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на […]

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија


На свеченост пред Министерството за одбрана, новоизбраниот министер за одбрана Владо Мисајловски денеска ја презеде функцијата од досегашниот заменик министер Тирон Јајага. Вети дека ќе се ангажира посветено во ресорот и оти МО и Армијата ќе бидат огледало на државата, бидејќи, како што рече, како земја членка на НАТО, Армијата е најголем амбасадор на државата. […]

Скопје се чисти по синоќешното невреме


ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје. Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. […]

ДЗР: Институциите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи


Институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи поради отсуство на законска регулатива од областа на безбедноста на информациските системи, неусогласување со европските директиви и недоволната кадровска екипираност, оценува Државниот завод за ревизија (ДЗР). ДЗР изврши ИТ ревизија како ревизија на успешност на тема „Ефективност на преземените мерки на надлежните […]

Во Тетово 53 литри дожд на метар квадратен


Најмногу дожд во изминатото деноноќие во државава наврна во Тетово, , 53 литри на метар квадратен,  по што следуваат Попова Шапка со 29 литри,  Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка со 28,  Скопје-Петровец со 15,  Маврови Анови со девет литри, Куманово, Демир Капија и Пожаране со два,  Кавадарци со еден, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки […]

Прекин на водоснабдувањето од Студенчица поради дефект, опфатени повеќе населени места во Крушевско


Прекин на водоснабдувањето во населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица, поради дефект на територија на Општина Прилеп. Како што соопштуваат од крушевското ЈП „Комуна“, станува збор за крушевските дела Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино, односно за целосната територија која ја покрива овој водоснабдителен […]

Одбележување на Меѓународниот ден на бегалците – 20 јуни


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците – 20 јуни. Воведни обраќања по тој повод, како што најави собраниската прес-служба, ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, евроамбасадорот Дејвид Гир, постојаната координаторка на ООН во Северна Македонија Росана Дуџак, претставникот на УНХЦР во државава, Габриел Гуалано де Годој, […]

Министерот Муцунски ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК) заедно со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и државите од Западниот Балкан.  На делот од заседанието на Советот на кое ќе учествува Муцунски, како што соопшти МНР, ќе стане збор […]

Од невремето во Пехчево настрадаа градинарските насади (фото)


Невремето проследено со врнежи од град со големина на лешник што синоќа го зафати Пехчево, предизвика штети на градинарски насади во пехчевско и околината. Невреме проследено со врнежи од дожд и грмежи имаше и во Пијанец. Од подрачната единица на МЗШВ најавија дека во текот на денот ќе ги посетат местата каде врнежите со град […]

Без вода дел од Карпош


Поради дефект денеска без вода ќе останат корисниците на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Орце Николов“ во општина Карпош. Како што информира јавното претпријатие „Водовод“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Седница на Судскиот совет


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи  491-та седница. На седницата, како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, ќе биде разгледано Упатството за измена и дополнување на Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, донесувањето одлуки за престанок на судии поротници нво Основниот суд Струга и […]

По невремето денеска сончево со температура до 38 степени, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, […]

ЦУК за невремето во Тетово: Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја


Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот број на Центарот за управување со кризи (112) пристигнати се голем број пријави за поплавени подрумски простории, одрони, поплавени подвозници и улици, прекини на електрична енергија, паднати дрвја и друго. Како што соопштија од ЦУК, […]

Се извлекува семејство заглавено во поплавена куќа во Сиричино


По големото невреме проследено со дожд и град, тетовци почнаа да ги санираат последиците. Центарот за управување со кризи информира дека во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување. И овој пат, како и досега најмногу штета претрпеа, куќите кај тетовската касарна и текстилното училиште, […]

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата


 Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ. Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“


Од невремето во Скопје, има паднат лимени огради на коловозот на потегот кај хотел „Русија“ до хотел „Хилтон“, во Аеродром. Паднати дрвја, покриви и огради на повеќе места го оневозможуваат сообраќајот во главниот град.  Некои улици се поплавени, па возилата едвај се движат.  Се повикува на внимателност при возењето, а ако нема потреба да не […]

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин


Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП Македонијапат. Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата […]

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео)


Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК. По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви… – Од невремето кое вечерва го […]

Невреме со силен дожд, грмотевици и град го зафати Скопје


Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток. Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и […]