(Во живо) Јавно обраќање на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева


 Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска во 11 часот ќе има јавно обраќање.   Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата. -Со оглед дека во два наврата беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, […]

Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година


 Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите […]

Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев поранешен Началник на Генералштабот на Армијата


По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копненатавојска на ЈНА и […]

Приватните превозници се враќаат на скопските улици


Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.  Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот […]

Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје


 Во „Јавна соба“ во Скопје, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија како дел од кампањата „ВТОР ДЕН МИ Е“ која има за цел да ја подигне свеста за предизвиците на вториот ден од менструалниот циклус и да ја разбие стигмата поврзана со менструалното здравје на жените. На панел дискусијата ќе учествуваат […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 2 декември 2024 година, 337-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 29 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во […]

Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово – има метар снег


Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  -Зимската служба на јавното претпријатие ,,Комуналец” и пожарникари од територијалната противпожарна единица Кавадарци работат на расчистување на патот кон Михајлово од паднати дрвја и наноси снег во висина од еден метар. Ќе се интервенира на терен до целосно […]

Просветна инспекција ќе оди во училиштето во Челопек каде имаше приредба со пластични пушки и униформи на ОВК


  Државниот просветен инспекторат ќе го проверува каква приредба се случувала во основното училиште „7 март“ во селото Челопек, каде учениците носеле пластични пушки и биле облечени во униформи на ОВК. Во изјава за Канал 5, министерката за образование кажа дека доколку се утврди прекршување на Законот за основно образование, како и на принципите на […]

Десетици возила заглавени во снегот во Маврово и на Попова Шапка


  Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка. Меѓу хотелот „Радика“ и Бунец се заглавени дваесетина возила од рано утрото. Во моментов се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот. Блокирани возила има и пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата […]

САД го укина стратешкото партнерство со Грузија по прекинот на преговорите со ЕУ


  Соединетите Држави го прекинаа своето стратешко партнерство со Грузија во саботата, осудувајќи ја одлуката на земјата да ги суспендира на четири години напорите за пристапување во Европската унија и невидените протести против потегот. „Одлуката на Грузискиот сон да го суспендира процесот на пристапување на Грузија во ЕУ е во спротивност со ветувањето на грузискиот […]

Врне веќе трет ден и ќе продолжи да врне


  Времето денеска ќе биде исто како и претходните денови – ќе врне дожд, а на повисоките места и снег, претежно во западните делови на земјата и дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје облачно […]

Делови од Битола без струја – врз електричните жици натежнал снег


Известување од ЕВН дека на подрачјето на општина Битола има прекин со електрична енергија на повеќе локации. Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен. МВР СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола работат на отстранување на паднато дрво на […]

Почина проф. д-р Аристотел Тентов – дешифрирачот на Каменот од Розета


Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ, познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета. Во својот плоден научен живот, автор е на десетици дела од областа на компјутерската наука и електроинженерството, но исто така, освен дешифрирањето на Каменот од Розета со академик Томе Бошевски во 2005 година, автор е и на огромен […]

Поради снег забрана за тешки товарни возила преку Стража


ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека од 17.45часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Снегот во Дебарско засега не создава поголеми проблеми


Снежни врнежи кои го зафатија поширокиот дебарски регион, со поголем интензитет доцна попладнево, направија снежна покривка во градот од десеттина сантиметри, а на повисоките населени места таа е многу повисока. Засега, според дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта нема прекин на сообраќајот на патиштата кои се под нејзина надлежност. […]

Поскапе членарината за ЗНМ


Статутот и  Правилникот за членство во Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска беа измените на Годишното неизборно собрание на ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека измените се однесуваат на тоа кој се може да биде член на Зздружението. -Се наметна потреба за ова, бидејќи доста од нашите колеги членуваат во комисии, кои […]

На 16 декември можно е да се зголеми цената по километар за приватните превозници


Во Град Скопје денеска се одржа координативен состанок во врска со одлуката за зголемување на цената по километар за приватните превозници. Од Град Скопје соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале […]

Почнаа вонредните инспекции за фирми со А интегрирана дозвола – препорачано им е да засадат дрвја


Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, согласно усвоениот акциски план за краткорочни мерки за намалување на емисии на загадувачки супстанции во воздухот  на Владата , започна со  вонредни инспекциски надзори без претходна најава  на инсталации со А Интегрирана еколошка дозвола. На 29 ноември, во периодот од […]

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на превојот Пресека


На планинскиот превој Пресека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Како што информираат од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, забраната стартуваше од 15.30 часот.