Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на превојот Пресека


Фото; Б. Грданоски

На планинскиот превој Пресека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Како што информираат од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, забраната стартуваше од 15.30 часот.