Астрономски календар


Денеска е вторник, 3 декември 2024 година, 338-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 28 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во […]

За Владата оставката на Дамева е единственo можна одлука


Единствена можна и исправна одлука, според Владата, е неотповикливата оставка којашто денеска од својата функција ја поднесе претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. „Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, велат од Владата […]

Новинарите бараат нов закон за медиумите


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинарите и РЕСИС денеска организираа панел дискусија на која беше нагласена потребата за нов закон за медиуми, којшто целосно ќе биде усогласен со европското законодавство. Деновиве се подготвуваат измени на Законот за медиуми, кои се однесуваат генерално за онлајн медиумите и за кои додека тој […]

Муртезани: Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин


 Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани ги осуди синоќешните настани во Куманово и оцени дека е можно тие да се предизвикани намерно со цел да создадат дестабилизација, а на полицијата е, вели, да ги истражи и разреши.  -Мислам дека за тоа треба да кажат органите на редот и мирот, односно […]

Судскиот совет ја констатираше оставката на Дамева, изборот на нов претседател по комплетирање на Советот


Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата. На предложениот […]

Зголемен капацитет и подобрени услови за престој во беровскиот Дом за стари лица


Зголемен е капацитетот на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, а подобрени се и условите за престој во него како резултат на инфраструктурната поддршка овозможена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.  Министерот Златко Перински и […]

Прооден патот до тетовска Луковица по речиси дводневна блокада поради снегот


Снегот што паѓаше викендов беше причина да биде затрупан патот од месноста Крстец до селото Луковица, Општина Желино, а делницата биле пробиена денес околу пладне.  По пријава на жителите од Луковица, општината ангажирала фирма за расчистување на патот.  Според жителите патот е пробиен но снег се уште има на патот.  -Јас бев во Луковица од […]

Директорката на Агенцијата за разузнување не праќала извештаи за работата до Владата и Собранието


  Антикорупциската комисија примила претставка против директоката на Агенцијата за разузнавање,  Габриела Јаковлева, во која е наведено дека наводно не доставувала извештаи за работата на Агенцијата ни до Собранието ни до премиерот на владата. Дали наводите на претставката се точни или неточни, ќе треба да пресече претседателката на државата. Државната комисија за спречување корупција реши […]

Поставени нови дрвени мостови на реката Драгор во Битола


  БИТОЛА – За период од нецели два месеца Општина Битола преку ЈП „Нискоградба“ реконструира три пешачки моста на реката Драгор која го дели градот на два дела. Мостовите стари со децении, беа во катастрофална состојба и небезбедни за минување.  На реката  Драгор во урбаниот дел има 16 мостови, но ако се земе целото течение […]

К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот


Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. – Што значи до 31 декември секако ќе биде завршена исплатата на К-15, вели Јаневска. Прашана дали ќе има промена на датумите за […]

Во Битола почна новогодишното украсување на градот


Во Битола почна новогодишното украсување на градот со кое ќе бидат опфатени Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот Магнолија и Старата битолска чаршија. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера. -Комплетното украсување на градот […]

Просветниот инспекторат утре ќе соопшти за мерките што ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во Челопек


Утре ќе се знае какви мерки ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек, каде од Државен просветен инспекторат денеска направија вонреден надзор, барајќи одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.  Овој настан се случил на 28 ноември […]

Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа


Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици. Со раководствата на дел од овие општини, односно на Босилово, Делчево, Кавадарци, Струмица, Штип, Свети Николе, Старо Нагоричане и Чашка, денеска средба имаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претставничката […]

ЕУ ѝ забележува на Македонија дека доцни со транзицијата од јаглен


  Многу забелешки на ЕУ за Македонија за екологијата, климатските активности и транзицијата од јаглен беа дадени на седницата на Поткомитетот ЕУ-Северна Македонија за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој што се одржа онлјан на 28 ноември 2024 година. Во сите сектори за кои се расправало Македонија бележи ограничен напредок, одложување и назадување. Како заклучок на состанокот, […]

Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово


Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на […]

Дамјан Давков победник на најголемиот математички натпревар UltiMATH


По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија го доби шампионот на најголемиот натпревар по математика за средношколци – UltiMATH. Првата награда, 10.000 евра, 100% стипендија за студирање на факултетот Бреинстер НЕКСТ и бројни сертификати, му припадна на средношколецот Дамјан Давков. Дамјан не е непознат во светот на математиката. Со своето […]

Верските поглавари повикаа на мирен соживот и почит на едни кон други


  Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.  Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната […]

Бајрами се надева дека за скоро време ќе бидат откриени оние што му го запалија автомобилот


  Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот. Приватното возило е целосно оштетено. „Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. […]

„Макпетрол“ организира работилница за врсничко насилство за родителите од Кисела Вода


Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени […]

ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило


Центарот за управување со кризи информира дека гостите од хотелот „Радика“ во Маврово, кои беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. -Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово […]