Без струја денеска дел од Општина Илинден, без вода неколку улици во Кисела вода


Без електрична енергија денеска од 08.30 д0 14 часот ќе бидат корисниците на село Дељадровци во Оштина Илиден, соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН Македонија. Без струја од 09:30 до 13:30 часот ќе бидат и корисниците од село Горно Оризари, Фарма „Глуво“ село Голиево, Пречистителна Станица Бразда, Стопански Објект на „Гранит“, „Златомир“, „Данчо Ацков“ […]

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква


Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.       Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви […]

Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје


Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје. Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина […]

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година


Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 ноември 2024 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 53 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути. Денов трае 10 часа и 3 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе  изгрее во […]

Петгодишно девојче починало на Детската клиника


Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“. Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила […]

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање


Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува жителите на Кочани, кои неколку денови протестираат поради проблемот со депонијата, да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и […]

Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими


До 15 часот беа доделени над 80 отсто од предвидените 6.182 ваучера за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  Како што велат оттаму,  процесот се одвива непречено и ефикасно, благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на […]

Искористени се дури 72 oтсто од вакцините против сезонски грип


Од вкупно 72.600 дози четиривалентна вакцина против сезонски грип кои ги набави Министерството за здравство (во кои се вклучени и 2.600 комерцијални вакцини), искористени досега се 52.687, односно 72 отсто, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за состојбата со сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2024/2025 започна на 21 октомври и се […]

Лајка со повик: Стани инфлуенсер за да се вдомат нашите кучиња!


Јаното претпријатие „Лајка“ во потрага по нов начин да ги удоми кучињата од прифатилиштето промовира настан што ќе се одржи на 16 ноември, од 11 до 14 часот, во нивните простории. „Посетете нè, запознајте ги нашите преслатки кучиња и изберете го вашето куче што сакате да го промовирате. Фотографирајте се со кучето и објавете ја […]

Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денеска учествувала на министерска тркалезна маса на тема „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“, организирана во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, одржана во Будва, Црна Гора. Како што информираат од Министерството, во присуство […]

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените од градежниците, луѓето се иселуваат што не можат да си купат куќа или стан


Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола. „Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои […]

Уставниот суд не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи


Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната […]

Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ (Фото)


Скопје, ноември 2024 – Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“. „Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме […]

Ангов: Владата го стави на дневен ред полнењето на Дојранско Езеро од Хидросистемот „Ѓавато“


 Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Тој преку објавата ги поканува граѓаните на најголемата еколошка […]

Унгарскиот кредит од шанса за раст се претвора во трошок за граѓаните, вели Левица


  Партијата Левица го кртикува начинот на кој ќе се отплаќа лредитот што влада на Христијан Мицкоски го зеде од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Критиките најмногу се насочени околу тоа кој и како ќе ја плаќа каматата. Оценката на Левица е дека крајниот трошок ќе го платат граѓаните. „Новиот договор на Владата со […]

ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители


Зоолошката градина во Скопје соопшти дека повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше потврден случај на птичји грип. – Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 9-16 секој ден. Да уживаме заедно во убавите […]

Нема никаква гаранција дека субвенционираните инвентери ќе се инсталираат, а нема да се препродадат


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска се надева дека инвертерите за кои министерството дава до 30.000 денари субвенција, ќе бидат инсталирани во домовите на граѓаните кои ја добиле поддршката, но нема начин како тоа да се санкционира.  – Јас се надевам дека ќе бидат искористени за тоа што сакаме да помогнеме како […]