Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“


Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, се одржува денеска на Природно- математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за конференција што е организирана заедно со три партнери од Албанија, Косово и Србија, поддржана од Фондот за Западен Балкан.  – Сакаме преку оваа конференција да понудиме платформа на која што младите ќе се обединат […]

Осмомартовски Базар во ГТЦ


Доколку се прашувате каков подарок би бил пригоден и совршен за денот на Жената, 8 Март, тогаш несомнено би требало да се посети традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ. На дваесетина тезги, поставени на приземјето, љубезно и срдечно ќе бидете пречекани од самите ракотворци. Нивните ракотворби се изработени со големо внимание и љубов и секако, […]

Нѐ чека студена пролет: Можен е снег во март и април


Метеоролошкиот феномен Ла Ниња продолжува да ја има својата доминантна улога и оваа година, што значи дека Македонија и Балканот ќе се соочат со поладни временски услови за разлика од претходните години. Метеорологот Славчо Попоски најавува дека, во следните месеци, се очекува пролетта да биде значително пониска во температурата, што ќе има влијание и на […]

Десетици илјади луѓе возат без возачка дозвола. Глобата е единствената казна


  Фрапантни бројни на возачи кои не поседуваат возачка дозвола секоја година се регистрираат на улиците на секој македонски град, а секако најмногу во Скопје. Изгледа не помагаат ни апелите, ни казните, ни трагичните настани како оној неодамна во Скопје.  Само лани, имало 22.645 барања за поведување прекршочни постапки против возачи за  „управување на возило […]

Без вода делови од Центар и Карпош


Без вода денеска од 10 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ во Општина Центар.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф–100 милиметри на улица „Максим Горки“ бр. 13 во населба Центар. Поради технички зафат на санација на затварачи од ф–300 милиметри и ф-125 […]

Магла на Стража и Буково


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На […]

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден без струја


Без електрична енергија денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани кај агенцијата „ОСА“ во општина Кисела Вода.  Во периодот од 9;30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Кичевска“ во општина Ѓорче Петров. Без струја од 12:00 […]

Облачно, магла и повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 28 февруари 2025 година, 59-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 306 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 17 часот и 23 минути. Денов трае 11 часа и 12 минутa. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма


Новинарката Наташа Стојановска ќе биде нов главен и одговорен уредник на телевизија Телма. Ова таа вечерва го потврди на својот Фејсбук профил. „Март е месец за промени и нови предизвици а Телма е телевизијата каде продолжува мојот пат, сега на позицијата главен и одговорен уредник“, напиша Стојановска која денеска се збогувалa со досегашните колеги во […]

Поднесено обвинение за 31 физичко и пет правни лица во „Адитив“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“. Со обвинителниот акт обвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на […]

Тошковски: Затворот го претвориле во „Хотел промаја“


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес биле извршени два претреси на две локации, во домовите на  службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработени во затворот. „Фрапантна е фактичката состојба од аспект на информациите со […]

Ноќеска, Тафталиџе 2 без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – спроти „Реплек“, во периодот од 2 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и […]

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 70 метри поради појава на магла има на Стража и во Крушево. Од АМСМ […]

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД


Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, […]

Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето


 Собраниската Комисија за здравство на денешната седница едногласно донесе одлука за одржување на надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. До понеделник, 3 март пратениците до претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи треба да испратат предлози […]

Возниот ред останува непроменет – односно неточен


Советот на Град Скопје денеска не ја прифати Предлог-одлуката за измена на линиски превоз на патници.  Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Драги Кушевски пред советниците појасни дека оваа измена на линискиот превоз е направена согласно фактичката состојба и дека отстапувањата од возниот ред ќе се намалат за 70 до 80 проценти. –  Со возниот ред […]

УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов


Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни. – Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР. Повремен локален дожд се очекува денеска попладне […]

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност


  БИТОЛА – Имало или немало распит во Обвинителството на државниот функционер Сашо Дранго за фотографијата со отепаната мечката? Ова е прашањето кое се наметнува откако пред два месеци јавноста се разбранува по обелоденувањето на фотографија на заменик-директорот на „Македонијапат“ со мртва мечка и оружје в раце, што ја објави Здружението за заштита на животните […]

Македонија барала од ЕУ да увезе отпад


Македонија е меѓу 24 земји што  ја информирале Европската комисија (ЕК) дека сакаат да прифатат отпадни материјали, објави Дојче веле. Од земјите од регионот, коишто не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), заинтересирани за увоз на неопасен отпад од ЕУ се само Србија и Босна и Херцеговина. Македонија бара да увезува […]