Седми интернационален „First Lego League Challenge“


Седмиот интернационален „First Lego League Challenge“ ќе се одржи денеска во Дајмонд мол, со почеток во 10:00 часот. Годинава ќе учествуваат 23 тимови, од кои 16 од државни основни училишта низ земјава. Тимовите ќе ги претстават своите решенија за вистински предизвици поврзани со зачувувањето на океаните, според овогодинешната тема SUBMERGED. Тимовите ќе се натпреваруваат во […]

Дел од Општина Илинден без струја


Без струја денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата по гробиштата во село Марино кон населба Јака и улицата кон гробиштата во Општина Илинден. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Почнува Рамазанскиот пост


 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 […]

Осмомартовски базар во ГТЦ


Осмомартовски базар од денеска ќе се одржува во приземјето на Градскиот трговски центар. Посетителите до 8 Март секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот, ќе можат да погледнат и купат производи изработени од нашите занаетчии – ракотворци.  Организатори на базарот се Занаетчиската комора Скопје и ГТЦ.  На базарот ќе биде прикажан широк […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. […]

Сообраќајот на мостот кај Башино село по една лента


Јавното претпријатие за државни патишта известува дека врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес, ќе го стави во времен режим на сообраќај. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно со изготвениот Сообраќаен […]

Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаи по повод почетокот на Рамазанскиот пост


Во пресрет на почнувањето на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи испрати порака во која истакна дека овој голем месец потсетува на важноста на постот, покорноста и добрите дела, и кој не води кон духовно и физичко прочистување. Тој им порача на верниците дека постот не е само […]

Хуманитарни работилници на велешките ученици за Прочка


Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес учениците од угостителско-туристичката  струка одржаа работилница за празникот Прочка, на која заедно со жени пензионерки од Здружението на пензионери подготвија повеќе видови на кори, пити со урда, спанаќ, јајца и задолжителната баклава. Во активностите им се придружија и ученици од основните училишта во градот. – Во исто време […]

“Нека јадат ружи” : Овој 8 март протест и бојкот за слобода и автономија од силеџискиот систем


Оваа година 8-мо мартовскиот протест е под мото “Нека јадат ружи” и повикува на протест и женски бојкот. Од 13 часот, пред Универзална. Подолу интегрално соопштението за протестот:  Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи ако немаме за леб? Овој 8 Март прогласуваме ЖЕНСКИ БОЈКОТ – за слобода и автономија од […]

Одредени мерки за претпазливост за 10 лица во акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје


 Судија на претходна постапка од Кривичниот суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, соопшти Основниот кривичен суд  Скопје.  Судијата донел решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на […]

Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север


Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи. […]

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март


Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk   Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување […]

Касами: Граѓаните да ги плаќаат сметките за подигање смет, присилната наплата е според закон


 Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по денешната седница на Советот, побара граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за подигање смет, а за присилната наплата рече дека се спроведува согласно законските основи. Компанијата Саубермахер која од февруари 2024 ја почна ја презеде дејноста за собирање и депонирање на смет, од почетокот на 2025 почна и со […]

Реновирани четири соби за родилките во штипското Одделение за гинекологија и акушерство


Четири соби за родилките и нивните новороденчиња, однонсо апартмани се целосно уредени на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип. Заменик директорката на болницата Билјана Ефтимова на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за донација од општествено одоговорната компанија „Техникал Текстајл“, која се наоѓа во ТИР зоната во Штип. Донацијата е вредна 10.000 […]

Тошковски: Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“


Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ истакна при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој одговараше на новинарско прашање, дали камерите кои ќе ги поставува општината низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе се користат и од страна […]

Дожд за викендот – врнежите почнуваат ноќеска


Денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15л/м2) и дневните […]

Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски, чекал ред за чекирање како обичен граѓанин


Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз, денеска преку објава на социјалната мрежа Икс изрази воодушевување од премиерот Христијан Мицкоски кој утринава, како што информира амбасадорот, на скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници. Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија […]

Почнува светиот месец Рамазан


Во пресрет на утрешниот ден, кој го означува почетокот на светиот месец Рамазан, дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, го честиташе почетокот на Светиот месец со желби за прифатени пости и молитви. Од муфтиството, преку објава на страната на Фејсбук, ги информираат верниците за […]

Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“


Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, се одржува денеска на Природно- математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за конференција што е организирана заедно со три партнери од Албанија, Косово и Србија, поддржана од Фондот за Западен Балкан.  – Сакаме преку оваа конференција да понудиме платформа на која што младите ќе се обединат […]

Осмомартовски Базар во ГТЦ


Доколку се прашувате каков подарок би бил пригоден и совршен за денот на Жената, 8 Март, тогаш несомнено би требало да се посети традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ. На дваесетина тезги, поставени на приземјето, љубезно и срдечно ќе бидете пречекани од самите ракотворци. Нивните ракотворби се изработени со големо внимание и љубов и секако, […]