Граѓани на Кочани попладнево на протест во Паркот на револуцијата


Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен протестен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.   На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со […]

Професорот Калаџиев добивал закани за ставовите што ги кажува


  Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, кој подлого време да не се злопутребува институцијата притвор и да се одредува само кога е крајно неопходно, стана цел на закани. Тој вчера на Фејсбук напиша: „Притворот не смее да се користи за државата да се покаже сериозна!! Тоа е злоупотреба и ќе падне во Стразбур!”,  алудирајќи […]

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани


 Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. – Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот. Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело […]

Клековски: Шест нови пациенти од пожарот во Кочани примени во болница


Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). -Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот […]

Околу 100 објекти ќе останат без лиценци за работа оти не ги исполнуваат условите


Контроли се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци, а активноста продолжува, анализите се обемни, додека проверките се темелни  со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови. „Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на […]

Дожд, грмежи и силен ветер во следните денови


Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час. УХМР најави дека поинтензивни […]

Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба


Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден на домашно лекување беа испратени 10 пациенти. Според информациите кои денеска ги соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за состојбата на пациентите, на Клинички центар се лекуваат 27 пациенти, во […]

Од понеделник Црвениот крст ќе исплаќа пари на семејствата со пациенти


Црвениот крст досега собра повеќе од 800.000 евра наменети за семејствата на пациенти од несреќата во дискотеката во Кочани, а парите (како што одлучи Владата првично да им се префрлат на семејствата кои ги придружуваат пациентите по 150.000 денари) ќе им бидат префрлани од понеделник. „Моментално се собираат трансакциските сметки од лицата кои се во […]

Премиерот Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош


Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. – Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ […]

Битолчани бараат проверка на хидрантските мрежи во колективните згради, општинарите најавија контроли


  БИТОЛА – Големата трагедија во Кочани го отвори прашањето кај битолчани во каква состојба е хидрантската мрежа во колективните згради и дали има ПП апарати и дали функционираат противпожарните скали. Голем дел од новите згради во Битола немаат противпожарни скали. Во мај 2022 година, изби пожар на 12 спрат во висококатница во Битола, и […]

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство


Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција. Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното […]

Трагедијата во Кочани ги раздрма надлежните – проверки во кафулиња, згради, училишта


По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, повеќето општини решија да ги проверат безбедносните услуви во локалите на нивната територија, а акцијата се прелеа и на училиштата, градинките и други јавни објекти, како и на станбените згради. Општина Карпош, Битола, Аеродром, Центар… се растрчаа инспекторите, проверуваат колку излези имаат угостителските […]

Центар следната недела ќе проверува безбедност во зградите и кафулињата


Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, на кој освен членовите на Штабот присуствуваа инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски. Главна тема беше разгледување на безбедносната состојба во општината и предлагање мерки за […]

Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови


 Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската […]

Општина Аеродром во контрола на 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и хидрантите во зградите


Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината. Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, […]

Денеска сончево со температури до 20 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со […]

Пожарот во Струмичко под контрола – нема опасност по куќите


Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, информира вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој замина во Струмица. Претходно информиравме дека голем пожар на отворено беснее кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница. Од него беа загрозени куќи, но сега […]

(Видео) Голем пожар кај Струмица, ветрот го шири неконтролирано во повеќе правци, загрозени куќи во селото Баница


Голем пожар на отворено беснее кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница, каде се загрозени куќи. Сите пожарникари на ТППЕ Струмица се на терен и се обидуваат да ја скротат огнената стихија која неконтролирано се шири во повеќе правци. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се […]

Учениците од Дрвното училиште во Прилеп засадија 59 дрвца за жртвите од Кочани


Денеска, во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, во склоп на кое е шумарско-дрвопреработувачката струка, во училишниот двор засадија 59 дрвца, во чест на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.    „Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да […]