Во четвртиот квартал лани бројот на родени бил помал за 1.206 од бројот на починати


Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2  проценти и изнесува 3.968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје […]

Истражување: Над 60 отсто од младите во Струга трајно би се иселиле


 Недостигот на квалитетни работни места, нискиот животен стандард, неконкурентниот пазар на труд, недоволната поддршка за младинско претприемништво, недовербата во институциите и ограничените културни и социјални содржини се главни причини поради кои младите се иселуваат од Струга. Ова го покажало истражувањето „Зошто младите се иселуваат од Струга?“ што го спроведе здружението „Аква“ на 500 испитаници на […]

Охрид СОС: Како парцелата на „Маларична“ од државна стана приватна за градење зграда?


Зградата на Маларична во Охрид, каде е сместен Здравствениот дом во овој туристички град, веојатно ќе биде урната, а на најезино место ќе никне станбена зграда, иако истиот објект пред неполна година беше реновинран, внатрешно и надворешно.    Од Граѓанската иницијатива Охрид СОС, предупредија дека постојат планови за окрупнување на парцела за сметка на објектот […]

Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка, од декември е разрешен


Откако Александар Трајановски, денеска пред седницата на Советот на Град копје објави дека поднесува оставка од функцијата заменик-градоначалник, од Градот испратија соопштение во кое велат дека тој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци. – Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје […]

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка – „од кал да е – директор од Сарај да е“


Како човек кој осум години е дел од СОветот на Град Скопје, ми беше чест да прифатам да бидам заменик-градоначалник на Град Скопје. Оваа функција без никакви привилегии ја прифатив исклучиво да се обидам да придонесам за подобрување, развој, модернизација на Градот, јавните претпријатија, нивните услуги за граѓаните и начинот на функционирање“, рече Трајановски образложувајќи […]

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта


„Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта тврдат од левица и бараат власта да го прифати нивниот предлог патарината да се намали за половина. „Додека животниот стандард на граѓаните е на дното во Европа и регионот, високите патарини се уште еден грабеж врз грбот на граѓаните. Компаративните анализи покажуваат дека во Бугарија се вози цел […]

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно не дојде на седницата за советнички прашања, по што седницата беше прекината. Советничката група на СДСМ веќе неколку пати го повторува својот став дека доколку на седницата за советнички прашња не присуствува градоначалникот, тие нема да учествуваат во таква седница. Координаторката Љубица Јанчева го праша Славески дали градоначалничката е […]

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска


Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети […]

Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела


Од 17 до 23 месецов се пријавени 3 035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период. – Се работи за лице […]

Урбано дивеење во Маврово и покрај забраната на Уставниот суд


Да се спречи урбаното дивеење во Маврово, бараат од здужението „Спас за Маврово“ во јавниот повик до надлежните институции. „Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување на изградба на викенд куќи, хостели, пансиони и згради со апартмани и студија апартмани, традиционални куќи […]

Комуналните предмети најбројни кај извршителите, минатата година наплатени околу 160 милиони евра


Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека треба да чека во редот за извршување, бидејќи пред него за ова лице има уште 42 налози за извршување. По проверката во Катастар и во МВР, извршителот добил информација дека на име на должникот нема […]

Јакимовски: Министерот Николоски вештачки ја крева цената на становите во Карпош


Синоќа на вонредна прес конференција градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски изнесе тешки обвинувања за злоупотреби од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Јакимовски го обвини министерот Николоски дека со неодобрувањето на урбанистичките планови предизвикал цената на квадратен метар во општината да порасне за 700 евра во последните девет месеци. – Цената на […]

Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја


Дел од корисниците од село Долно Лисиче во општина Аеродром, на потегот од надвозникот кон селото, денеска од 8:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „1770“ во населбата Бардовци во општина Карпош. Како што информира Регионалниот […]

Претежно облачно со магливо утро по котлините


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 февруари 2025 година, 58-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 307 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 17 часот и 22 минути. Денов трае 11 часа и 9 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина


Во координирана акција на повеќе субјекти од Системот за управување со кризи, доцна попладне и во почетокот на ноќта, бил спасен чешки планинар, скијач, на Шар Планина, кој бил повреден, инфромира ЦУК. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека денеска (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК […]

ЗНМ го повикува МВР да реагира на заканите од Латас до новинари и медиуми


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги […]

Социјалните мрежи треба законски да се регулираат и во Македонија


Содржините објавени на социјалните мрежи мора да станат предмет на регулација бидејќи станаа главен извор на информирање, но и дезинформирање на граѓаните, а на второто најмногу подлегнуваат младите.  Ова се дел од заклучоците произлезени од денешната панел-дискусијата „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“ во организација на Институтот за медиуми и аналитика […]

Членовите на Судскиот совет не даваат оставки, бараат индивидуална одговорност


Тања Чачарова Илиевска,  која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, нема да поднесе оставка, без оглед на исходот. -Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност […]

Штипски средношколци со розови маици маршираа низ улиците против врсничкото насилство


Средношколците од Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“ денеска маршираа низ улиците по повод Денот на розевата маица, кога се крева гласот против врсничкото насилство. Тие во розеви маички маршираа до Основното општинско училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип, а во оваа активност ги вклучија и учениците од ова училиште, кое е и најголемо во […]