Еден од уапсените на Пелистер за криволовство има врска со ловечко здружение од Битола, потврди СВР Битола


БИТОЛА – Еден од тројцата вооружени лица фатени во криволовство во строго заштитена зона на НП „Пелистер“ Битола се поврзува со ловечко здружение од Битола, потврди СВР Битола, без да откирие за кое ловечко здружение станува збор. На 13 август, во 3 часот рано утрото на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски […]

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања


Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за […]

Левица: Три години се крши Законот за субвенциониран студентски оброк


На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко […]

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Центар


Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина […]

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела


ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе […]

„Живееме меѓу ѓубре, смрдеа и стаорци“: Жители на Маџир Маало бараат итна реакција


  Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци. „Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска […]

Без струја делови од Илинден и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од […]

Без вода улицата „Џон Кенеди“, а намален притисок во Топанско Поле


Поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа на нова мрежа, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а намален притоск ќе има во дел од населбата Топанско Поле, инфирнмира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Сончево и топло до 38 степени


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време […]

До вечерва активни пет пожари, три од нив ставени под контрола


 Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола.  Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во […]

Туристи во купачи се качуваат на потопената црква „Св. Никола“ во Маврово


Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава. Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до […]

СДСМ открива: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење


СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, […]

МОН: И на власт и во опозиција, СДСМ поддржува противзаконско работење


Како обид за манипулација со јавноста со окарактеризира Министерството за образование  тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. „Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес […]

ДУИ: Јаневска бара да се поништи Бадентер, ги нарекува Албанците „мала заедница“


ДУИ реагира на изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, околу законите за образованието што се блокирани во Собрание, оценувајќи дека таа претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. -Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“.Уставот не ѝ […]

Спасувачка акција на Пелистер, повредено едно лице


Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош. Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата. “Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер […]

Идризово ќе добие 1.478 метри фекална канализација


Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. […]

Регистрирани 29 пожари за еден ден, шест се уште активни


Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. […]

СДСМ обвини за партиско отпуштање наставници


Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, […]

Мицкоски ја смета „робустна“ задоцнетата реакција на Владата за кризата во Гостивар


Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но забележа дека не посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто  првоповиканиот во […]

Драматично спасување на Зелениково, пожарот дошол до првите куќи kaj Zelenikovo>


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи. -Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести […]