ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола


До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино […]

Утре без струја дел од Сопиште и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 […]

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите


 Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти […]

Се собираат хаварисани возила во Аеродром – граѓаните да пуштат фотографија и локација


Инспекцијата на Општина Аеродром денес започна со ослободување на јавните површини преку подигнување на хаварисаните возила, информираат во Фејсбук групата Општина Аеродром – Граѓанска патрола. – Го поздравуваме овој потег и ја поддржуваме акцијата, затоа што освен што го нагрдуваат ликот на општината, хаварисаните возила претставуваат безбедносен ризик и сериозно ги оптеретуваат паркинзите, кои и […]

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати


 Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. […]

Граѓаните да не креваат паника за една мртва птица


Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици. „Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток […]

Сиљановска: Не треба да ја романтизираме војната, туку треба да ја избегнуваме


Современата одбрана не треба да се сведува само на одговор на веќе настанатите закани, туку мора да се заснова на нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност на државата – порача претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на свеченоста организирана по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 Август […]

Нов смртен случај од западнонилска треска


Нов смртен случај на западнонилска треска, со што бројот на починати во земјава се зголеми на четири. Како што информираше денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, пациентот бил претходно хоспитализиран кај нив 27 дена. Тој посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но […]

Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност и доверба


Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили – порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Во обраќањето таа потсети на историскиот развој на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до […]

Изгореа 20 куќи и плевни во Чаниште – четворица се наголтаа чад


Голем пожар што вчера попладне избувна во близина на прилепското село Чаниште брзо се прошири кон селото, при што беа опожарени повеќе од 20 куќи и плевни, а четворица жители побараа медицинска помош поради вдишување чад. Пожарот бил пријавен во 15 часот во ОВР Прилеп, откако Полициската станица за граничен надзор Старавина известила дека огнената […]

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани


Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат, се наведува во соопштението од ПП Левица. „Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира […]

Жерновски предупредува дека на Македонија ѝ се заканува  медиумски мрак по рецептот на Вучиќ 


Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го […]

Викендов температури над 40 степени Целзиусови


Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=975hPa. U=27%. V=4m/s. UV […]

Запишувањето на факултет никако целосно да се дигитализира – студентите, на пеколни температури, со часови пред студентски прашања


Универзитетите  ги отворија вратите за новата генерација студенти, кои денеска, на температури близу 40 степени, повторно со часови стоеја пред факултетите за да ги поднесат документите за упис. Студентските организации и постојано бараат промени во правилниците за целосно укинување на хартиените документи и воведување електронски индекси. Но, се уште, по дигиталната пријава, прелиминираните ранглисти, сепак […]

Левица: Македонската армија најслаба, а со најголеми буџетски издвојувања


По повод 34-годишнината од формирањето на Армијата, од Левица преку соопштение критикуваат дека македонската војска, и покрај високите буџетски издвојувања за одбрана, со години се соочува со слабеење на кадровските и материјалните капацитети. Од партијата потсетуваат на улогата на Армијата во конфликтот во 2001 година, нагласувајќи дека нејзината основна задача е заштитата на територијалниот интегритет […]

Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска


Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе […]

Цела држава во ризик од пожари


Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од […]

Безбедна за пиење е водата во Скопје


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци […]

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област


Најмалку десет лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетен напад врз село во североисточната украинска Харковска област, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов. Во нападот врз селото Печенеги се оштетени десет приватни објекти, кафуле, поштенскиот клон, продавница и најмалку седум автомобили, напиша Синегубов на социјалната мрежа „Телеграм“. Властите продолжуваат со проценка […]

Над 3.200 тони ѓубре собрано во Скопје последната седмица


Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад […]