ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона


Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија. Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки …

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона Read More »

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците


Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. -Деталите …

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците Read More »

Андоновски: Целта е до 2030 година 80 отсто од возрасните да се дигитално писмени


 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имал поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакнал важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и …

Андоновски: Целта е до 2030 година 80 отсто од возрасните да се дигитално писмени Read More »

УКИМ ги пречека бруцошите на Првиот академски час: Oбразованието не е само учење, туку животно патување кое не завршува


Образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) бил и ќе остане средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла. Сега стоите на …

УКИМ ги пречека бруцошите на Првиот академски час: Oбразованието не е само учење, туку животно патување кое не завршува Read More »

Герасимовски: Временски е невозможно општините да реализираат 100 милиони евра инфраструктурни проекти до крајот на годината


„100 милиони евра може се планирани ама тие со сигурност нема да бидат реализирани до крајот на годината“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување во Телевизија 24. Тој во емисијата 24 анализа зборуваше за 100те милиони евра финансиска помош од министерството за локална самоуправа за реализација на инфраструктурни проекти до крајот …

Герасимовски: Временски е невозможно општините да реализираат 100 милиони евра инфраструктурни проекти до крајот на годината Read More »

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври


 Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.  Како што посочуваат од МОН, станува збор за вкупно девет различни категории на стипендии, а условите за стекнување …

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври Read More »

Филков: Во наредните 15 дена  Фемида системот  за аудио и видео снимање на судските расправи ќе се применува насекаде


Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското  и видео  снимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка. „Денес, по изминат период од повеќе од 10 години, за жал може да констатираме дека судовите само делумно го користеле тонското …

Филков: Во наредните 15 дена  Фемида системот  за аудио и видео снимање на судските расправи ќе се применува насекаде Read More »

Од четврток дожд, грмежи и ветер


Во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти УХМР. Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи …

Од четврток дожд, грмежи и ветер Read More »

Поставен магистралниот водовод под булеварот „Хрватска“


Град Скопје заврши со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар „Хрватска“, капитален инфраструктурен проект кој опфаќа и нова водоводна мрежа како дел од програмата за работа на градот. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина …

Поставен магистралниот водовод под булеварот „Хрватска“ Read More »

Агенциите за привремени вработувања го празнат буџетот за плати во јавите претпријатија во Битола


БИТОЛА – Неиспочитувани правни процедури или политички инает ги кочат вработувањата во јавните претпријатија во Битола, па наместо директно вработување, нововработените се ангажираат преку Aгенции за привремени вработувања. Ваквиот начин на вработувања одлева дел од буџетот за плати од јавните претпријатија на конто на агенциите за привремени вработувања во државата. Вработувањата тешко поминуваат во Советот на …

Агенциите за привремени вработувања го празнат буџетот за плати во јавите претпријатија во Битола Read More »

УКИМ најголем губитник на студенти – дури 5.000 помалку од пред 10 години


За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или …

УКИМ најголем губитник на студенти – дури 5.000 помалку од пред 10 години Read More »

Скопје в сабота ќе пулсира во ритамот на културата – ќе се одржи јубилејната „Бела ноќ“


„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје, настанот  претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани, и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметнички настани во Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, …

Скопје в сабота ќе пулсира во ритамот на културата – ќе се одржи јубилејната „Бела ноќ“ Read More »

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители


Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, продолжува со повеќе различни активности. Меѓу нив е и одржување низа работилници преку кои и родителите ќе се здобијат со знаења и ќе споделат искуства во врска со проблемот со булингот. Овие едукативни средби ќе се одржат во општините што се приклучија на кампањата, ќе …

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители Read More »

Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори панелот на тема „Квалитет на воздухот во градовите на Западен Балкан: извори, влијание на здравјето и трошоци, што вчера вечер се одржа во рамки на Министерската конференција за образование и обука, истражување и иновации и култура за Западен Балкан 2024. Нагласувајќи дека квалитетот …

Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот Read More »

Неколку делa од Скопје денеска се без струја


Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците број 10, 40, 42, 44 и 46 во населба Кисела Јабука. ( општина Ѓорче Петров ) – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17.( општина Карпош …

Неколку делa од Скопје денеска се без струја Read More »

Почнаа Деновите на модата во Штип


Со три модни ревии синоќа почнаа Деновите на модата во Штип. Во една од празните фабрички хали на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ се реинкарнираше модната индустрија во градот, во кој се сконцентрирани најголем дел од конфекциите во земјава, кои имаат, пред се, лон производство. Но, во изминатите години неколку штипски компании почнаа да создаваат свои …

Почнаа Деновите на модата во Штип Read More »

Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”


Конференција на тема: „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт Скопје. Најавено е учество на преставници на ССМ, Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, Министерството за економија и труд, Министерството за јавна администрација, …

Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици” Read More »

Без вода дел од корисниците од ул. „Орце Николов“ и дел од корисниците од населба Трнодол


Без вода денеска ќе останат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“ и дел од корисниците од населба Трнодол. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради дефект на огрлица од ф 80мм на ул. „Кнез Хадсон“ бр 2 . без вода ќе останат корисниците од населба Трнодол, а водоснабдувањето ке биде прекинато од …

Без вода дел од корисниците од ул. „Орце Николов“ и дел од корисниците од населба Трнодол Read More »

Пензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари


Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците …

Пензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари Read More »

Прв академски час на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за 2024/2025 година. Овој настан, како резултат на соработка помеѓу УКИМ и УСС, го означува почетокот на новата академска година и ќе биде одбележан со утринска церемонија, како и со вечерен дел. Како …

Прв академски час на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ Read More »