​Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици


Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици. Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваа на почетокот на имплементацијата на проектот во основното училиште „Партенија Зографски“. Вредноста на овој капитален проект , изнесува над 11 милиони денари. Тој се изведува преку Владата, преку финансиско […]

Стефковски го свика советот за превенција за безбедноста на граѓаните


Се оддржа седница на Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба, а на седницата, градоначалникот Бобан Стефковски ги информираше за преземените активности од страна на општина Гази Баба за вонреден инспекциски надзор над угостителските објекти и станбените згради. Тој ги уверува граѓаните дека општината ќе преземе сѐ што е потребно со цел да се […]

Од викендов летно сметање на времето


Викендов почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред на 30 март во 2 часот. Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро. Летното сметање на времето завршува во […]

Ѓорѓиевски: Децата учат во безбедни училишта, јавноста и родителите да бидат спокојни


Децата учат во безбедни училишта. Јавноста и родителите да бидат спокојни, нема простор за паника и страв. Оправдана беше нивната паника и страв, но децта се во сигурни раце и ние сме гарантит за сето тоа, изјави денеска претседателот на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.  […]

Без вода дел од Аеродром кај „Раде Кончар“


 Без вода денеска од 12:30 часот се дел од корисниците од Американ Колеџ, Тинекс Маркетот и „Раде Кончар“ во општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на шибер ф 80 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.

Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции


 Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ си поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година. Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот […]

Метео аларм за Македонија: Обилни врнежи од дожд!


Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од […]

Уште неколку дена наплата на долгови за „Водовод“ без камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува за неколку дена. […]

Аплицирајте за проектот Светски ден на уметноста, Општина Центар финансира 400 илјади денари


Општина Центар, информира дека е отворен јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април. Овој настан ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчери и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници […]

Пожарот во Кочани го отвори прашањето за нова опрема и екипираност на противпожарните служби


Интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици. Тројца пожарникари се здобија со […]

На охридскиот аеродром прв лет од директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул


Со пристигнување на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.    Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ што од денеска ќе лета од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Според претходните најави, […]

Зградата на МАНУ, бисер на модерната на Балканот, комплетно ќе се реконструира


Оваа година ќе се изработи проект за комплетна реконструкција на објектот на МАНУ кој е изграден во 1976 година, рече вчера, првиот човек на МАНУ, академик Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата во изминатата година – прва во неговиот мандат.  Зградата на МАНУ важи за бисер на модерната во […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 март 2025 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 280 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 12 часа и 28 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор


 Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  На останатите 14 лица одбиени […]

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава


Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа […]

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани


Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со младиот Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани. За средбата извести Мицкоски на неговиот службен профил на Фејсбук. Притоа, како вели, на Костадинов ќе му биде доделена стипендија од „Алкалоид“  како знак на признание за неговата храброст и човечност.  „Денес се сретнав со Јован Костадинов, […]

Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри


Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – […]

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано


Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и […]