Земјотрес почувствуван во Битола и околината


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M […]

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар


Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска во 11 часот ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на […]

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило. МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 март 2025 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 279 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 17 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 31 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без струја утре делови од Карпош, Сарај и Бутел


Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Горни Крушопек. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Призренска“ бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53 во Општина Бутел. Како што соопшти РЦУК – Скопје, […]

Во текот на ноќта пообилни врнежи од дожд – можни се свлечишта


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се […]

Потпишан Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земјава


Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни. Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот директор на МКЕ Илхами Келеш и […]

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи


Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи.  – Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие […]

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од „Тораница“


По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување. Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана приватна и независна лабораторија за земање […]

Moстот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес го санира фирмата „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ


Градежните работи за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите на Велес го изведува Друштвото за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда Чучер Сандево кое е воведено во работите на 21 март, а рокот на изведба е три месеци, информираат денеска за МИА од ЈПДП. Вредноста на проектот […]

Двајца од повредните во пожарот во Кочани кои се лекуваа во Белгија се вратија во земјава


 Двајца од четворицата повредни при пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои минатата недела беа префрлени во болници во Белгија, по успешното лекување и опоравување денеска отпатуваа за Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел.  Минатата среда четири лица повредени во трагичниот пожар во Кочани, со специјален авион на Вооружените сили на Романија, во координација […]

Бројот на вработени да не биде услов за онлајн медиумите: Дебата за измените во законот


Онлајн медиумите и новинарите од локалните средини може да се соочат со затворање и низа на други проблеми доколку предлог-измените на Законот за медиуми кои се во собраниска процедура поминат во сегашната форма е  заклучокот од панел дискусијата „Измените на Законот за медиуми и локалните медиуми“, која што се одржа во организација на Самостојниот синдикат […]

Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре


Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утре, потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев. Двајцата поранешни градоначалници беа во ефективен  притвор поради трагедијата во дискотеката во Кочани. Делев посочи дека […]

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема


Во најголем дел од училиштата во земјава постои противпожарна опрема, но некаде ќе треба да се дообнови и досреди на што активно се работи, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прецизира дека противпожарна опрема има во сите училишта, но во некои од училиштата, претежно во внатрешноста, се случува противпожарните апарати да не […]

„Канцер мафија“, „бизнис пајташ“, „етнотрибализам“, „Груевистички“ – со овие неологизми нѐ трујат политичарите


Изложеноста на граѓаните на штетни наративи е голема, покажува новата монографија „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“ на Институтот за комуникациски студии (ИКС). Според анализата, доколку еден граѓанин ги следи интернет-страниците, порталите и фејсбук профилите на политичките актери, во еден ден ќе биде изложен на 33 штетни наративи. Дополнително, истражувањето открива […]

Недостигаат околу 40 инспектори за секоја општина да може да постапува соодветно


За исполнување на минималните услови за секоја општина да може да постапува соодветно потребно е да се вработат уште околу 40 инспектори низ општините, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски. Контроли, нагласи Ѓорѓиевски, мора да се направат секаде и тука сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во […]

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација


Основниот суд во Кочани постапувал по 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во Кочани од кои одбиени се 19 жалби и за тие лица останува мерката „притвор“, додека за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат мерката „притвор“ е заменета со „куќен притвор“. – По донесените 24-решенија […]

Поликлиниката во Илинден наскоро ќе биде пуштена во употреба


Новата поликлиника во Илинден наскоро ќе ги отвори вратите за пациентите, соопштија од Министерството за здравство преку нивната официјална Фејсбук страна. Според информациите, поликлиниката во Илинден ќе пружа медицински услуги за повеќе од 30.000 граѓани, во објект со површина од приближно 600 квадратни метри, каде што ќе бидат распоредени 14 кабинети. Вкупната вредност на инвестицијата […]

Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба, денеска очекуваме уште осум


Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба, информираа денеска од Министерството за здравство на денешната прес-конференција. -Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, […]