Завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата


Денеска, 15 март, завршува обврската за поседување на зимска опрема во вашето возило. Обврската завршува доколку не биде донесена вонредна мерка за нејзино продолжување што зависи од временските услови. Обврската стапи на сила на 15 Ноември минатата година. Казните за непоседување зимска опрема изнесуваат 45 евра.

Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско


Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани, на регионалниот пат Велес – Градско. Како што соопшти АМСМ, денеска завршува и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, …

Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско Read More »

Во Брисел почнува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност


Во Брисел денеска почнува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност. Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер, којшто ќе го отвори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, ќе започне со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика. Кластерот 4 или „зелените приоритети“ се на врвот на …

Во Брисел почнува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност Read More »

Облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните …

Облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег Read More »

Општина Кисела Вода го реобјавува Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник


Општина Кисела Вода го реобјавува меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Првиот конкурс беше поништен од конкурсната комисија поради недоволниот број пристигнати трудови. На новиот конкурс не е поставен лимит за пристигнати трудови и на него ќе можат да конкурираат и студентите без проектантско биро. …

Општина Кисела Вода го реобјавува Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник Read More »

Владата ги утврди предлог-законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи


Владата денеска на седница го утврди текстот на предлог – законите за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст …

Владата ги утврди предлог-законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи Read More »

Починат 12-годишник донесен во битолската болница


Во, понеделникот, во СВР Битола било пријавено дека на 12.03.2023 околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола од неговите родители било донесен починат 12-годишник од с.Лера, битолско. Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител …

Починат 12-годишник донесен во битолската болница Read More »

Мирјана Лазарова Трајковска номинирана за судија во Меѓународниот кривичен суд


Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд. Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница. – Разгледано е Барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, …

Мирјана Лазарова Трајковска номинирана за судија во Меѓународниот кривичен суд Read More »

Екипи на „Градски паркинг“ го уредија паркингот од Капитол Мол до Мајчин дом


Екипите на „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи и теренски возила на ЈП „Паркови и зеленило“, минатата недела ја уредија паркинг зона Д7 на потегот од Капитол Мол до Мајчин Дом. При акцијата се искастрија старите и суви гранки од дрвјата, а потоа целосно се отстрани сметот од паркинг зоната. – Продолжуваме да …

Екипи на „Градски паркинг“ го уредија паркингот од Капитол Мол до Мајчин дом Read More »

Костовски: Арсовска, пред избори, им вети на луѓето парк, а не улица


Данела Арсовска лично им вети на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“. Утре на седница на Општина Бутел ќе се донесе одлука за покревање на иницијатива за поништување на овој план тука „С 16“ и вториот план во Бутел 2 „ССИ 06 Блок 7“ …

Костовски: Арсовска, пред избори, им вети на луѓето парк, а не улица Read More »

„Водовод“ – Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е првото јавно претпријатие кое пристапи кон поддршка на мисијата на СОС Детско село и веќе три години спроведува активности за ширење на индивидуалната филантропија. -Во овој период беа спроведени многу активности со цел поттикнување и ширење на идејата за посветено индивидуално донаторство, во кои активно се вклучија и …

„Водовод“ – Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село Read More »

За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО)


Најрадосната вест денеска доаѓа од Скопје ЗОО. -За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири, соопштија оттаму. – Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од …

За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО) Read More »

Рашковски на судењето го фалеше својот патент за камерите, се спореди со Илон Маск


  Без да навлегувам во доказната постапка, на европско континентално ниво не може да патентирате софтвер за следење на просечна брзина. Спецификата на мојот патент е дека камерите, односно уредите кои треба да ја детектираат просечната брзина ќе бидат во движење и може да се стават на полициско возило или автобус, додека кај софтверот набавен …

Рашковски на судењето го фалеше својот патент за камерите, се спореди со Илон Маск Read More »

Итни средби со Ковачевски и Меџити, бара Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита


Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита како потписник на Гранковиот колективен договор за здравствената дејност што опфаќа 15.000 вработени, реагира на изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи во синоќешното гостување во „Тема на денот“ на телевизија „Сител“, за непотпишување на Анексот за иземување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност со што треба …

Итни средби со Ковачевски и Меџити, бара Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Read More »

По 10.000 денари за најдобрите студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“


Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип на 27 март ќе одбележи 16 години постоење. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски најави дека најдобрите студенти ќе бидат наградени со ваучери од 10.000 денари, а признанија ќе добијат институции и фирми со кои соработуваат. -По повод празникот планираме повеќе значајни активности. На најдобрите студенти од сите факултети и академии ќе …

По 10.000 денари за најдобрите студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ Read More »

Романија донираше радио-опрема за ДЗС


Во касарната „Гоце Делчев“ денеска свечено беше предадена радио-опремата донирана од Република Романија за Дирекцијата за заштита и спасување. Донацијата е дел од проектот насловен „Зголемување на оперативниот капацитет на Дирекцијата за заштита и спасување преку донација на добра и/или трансфер на експертиза со цел усогласување на националното законодавство со регулативите за итни случаи на …

Романија донираше радио-опрема за ДЗС Read More »

На Даравелски му застаре делото, судот го ослободи


Основниот Кривичен суд – Скопје ја запре кривичната постапка против поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски поради настапување на апсолутна застареност. Во соопштението издадено денеска од судот по предметот се наведува дека „Судечкиот совет кој постапува по предметот со К. бр. 414/23 против обвинетиот Д.Д. постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. …

На Даравелски му застаре делото, судот го ослободи Read More »

Поради нерешни имотно-правни односи, доцни реконструкцијата на скопските студентски домови


Иако беше најавено дека на почетокот на оваа година треба да почне реновирањето на скопските студентски домови, за што 20 милиони евра се обезбедени преку Германската развојна банка, сепак и до средината на мерт нема никакви градежни активности во „Стив Наумов“, од каде беше најавен почетокот на обновата. – Поради некои документи што недостигаат има …

Поради нерешни имотно-правни односи, доцни реконструкцијата на скопските студентски домови Read More »

Од утре посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои …

Од утре посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег Read More »

Шаќири ќе разговара со ДИЦ по барањата за кратење на материјалот за матура


По најавите за протести на матурантите, кои бараат да им се намали материјалот за полагање државна матура, затоа што учебната година им беше нецелосна по редовните дојави за бомби, министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е расположен да се сретне со нив.  Но, додава Шаќири, засега матурантите имаат добиено насоки за одржување на државната …

Шаќири ќе разговара со ДИЦ по барањата за кратење на материјалот за матура Read More »