Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 мај 2025 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 13 часа и 12 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025


Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на  група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска […]

Пораките на Делчев се актуелни и денес: Одбележана 122 годишнината од неговата погибија


Со изјави дека пораките на македонскиот револуционер и великанот на македонското ослободително движење, Гоце Делчев, се актуелни и денеска и со заложби да се зачува вистината за него, денеска македонскиот државен врв и политичарите ја одбележаа 122 годишнината од неговата погибија. Со положување свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје, почит […]

Одбележан Денот на македонската дипломатија


Во рамките на традиционалното одбележување на 76-годишнина од Денот на македонската дипломатија 29 април, како и 15-годишнината од своето основање и 10-годишнината од излегувањето на своето специјализирано списание „Дипломатскиот летопис“, минатата недела членовите на Дипломатскиот клуб презедоа бројни активности. Покрај редовниот преглед на досегашните активности во афирмација на меѓународната позиција на нашата држава, во печатениот […]

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница


 Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се сретнал, што зборувал, каде отседнал во Баница, но и кој го предал, и зошто тој бил ликвидиран пред најавеното општо народно востание во Македонија? Како се одвивала битката во Баница од час во час, во […]

Денеска се навршуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. […]

Денеска летни температури, сончево и топло до 30 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево […]

Почна изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, дел од напаѓаниот проект со „Бехтел и Енка“


  Она што го почна претходната влада на СДСМ со „Бехтел и Енка“ сега го продолжува кабинетот на ВМРО-ДПМНЕ. Со министерска свита, плус американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска беше и официјално започната изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити, како и дуги функционери и пратеници. Премиерот […]

Кавадарци доби регионален стационар за згрижување бездомни миленици


Центар за згрижување бездомни миленици денеска официјално беше отворен во населбата Глишиќ во Кавадарци. Во него треба да се собираат сите бездомни животни од целиот Вардарски регион.  На тој начин ќе треба да се обезбеди хуман третман на животните, но и јавна безбедност. Проектот е поддржан од Министерството за локална самоуправа, Швајцарската амбасада и Општина […]

Поднесени 900 апликации за реализација на проекти, учествувале сите 80 општини


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заклучно со денеска, сите општини, вкупно 80, поднеле апликации за реализација на проекти од вториот повик. Сега, како што информира Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1 200. -Тоа се 1 200 градилишта во Македонија, тоа е историска, вековна работа и тоа го […]

Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат


Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана. Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување. Со пристап до делот „Урбанизам“ и избор на […]

Денеска се враќаат осум кочански пациенти од Турција, Бугарија и Словенија


Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.   Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника […]

Скопје на 222. место во светот според квалитетот на животот


  Платформата „Нумбео“ секоја година прави индекс за квалитетот на животот во градови на сите континент. Некогаш тоа го прави и неколку пати годишно. Според индексот за 2025 година Скопје се наоѓа на 222. место од 263 за кои се правени споредбени анализи. Што значи во долниот ред на ранг листата. Во првите десет места […]

Вработени во ЗОО си ја бараат платата, велат дека немаат ни здравствено


Вработените во скопската зоолошка 45 дена немаат земено плата, а од денеска останаа и без здравствено осигурување. За да земат плата таа треба да се пушти од Министерство за култура, а се единствена институција која е останата под локалната самоуправа.  Не знаат зошто немаат земено плата, а со Министерството за култура не исконтактирале. Додаваат дека […]

Богојески ќе прави евалуација на евалуаторите, ќе замени најмалку половина


Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување […]

Рускиот патријарх Кирил му го честита роденденот на архиепископот Охридски и Македонски Стефан


Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефан здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба. Во […]

Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат дел од ул.„Ленинова“, реон кај Министерството за земјоделство. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, струја од 08.30 до 13.30 часот, ќе немаат и корисниците на дел од ул.„Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во општина Центар. Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, преин во електроснабдувањето ќе […]

Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе ја посетат Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти. Според агендата, Мицкоски и Перински на пладне ќе извршат увид во градежните активности на кружен тек вон опфат на […]