Тошковски без одговор дали се постапува по ставањето на црната листа на Груби и Беџети


Трпение од македонската јавноста побара денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан од новинарите за тоа дали доказите што ги има Вашингтон ги има и Скопје во врска со поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети кои се на црната листа за корупција на САД.  – Добро е познато на јавноста дека никогаш …

Тошковски без одговор дали се постапува по ставањето на црната листа на Груби и Беџети Read More »

Балуку: Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин


Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. – Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат …

Балуку: Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин Read More »

АХВ ги засилува инспекциските контроли пред празниците, пакетчињата за деца под посебен мониторинг


 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. -Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на …

АХВ ги засилува инспекциските контроли пред празниците, пакетчињата за деца под посебен мониторинг Read More »

Васко Ковачевски недостапен, но не се откажал од државјанството


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата. -Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа …

Васко Ковачевски недостапен, но не се откажал од државјанството Read More »

На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор


Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка – 4 степени Целзиусови, најтопло со 7 степени е во Велес, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа до 07 часот во Маврови Анови и Претор со 2 литри на метар квадратен. Во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, Крушево и Претор, 1 Битола …

На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор Read More »

Уставниот суд заседава за Законот за јазиците – членови на ДУИ пред зградата


  Уставниот суд ја почна седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. На седницата не се присутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, како што беше најавено и претходно. Во текот на седницата, неа  ја напушти и судијата Фатмир Скендер. Пред зградата …

Уставниот суд заседава за Законот за јазиците – членови на ДУИ пред зградата Read More »

Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин


Намалена видливост до 50 м. поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и …

Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин Read More »

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина ќе има појава …

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 декември 2024 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

МВР објави детали за истрагата околу адитивите во ЕСМ


  Доцна попладнево Министерството за внатрешни работи објави детали за акцијата што заедно со Обвинителството за гонење организиран криминал се спроведува од утринава на повеќе локации во земјава. Еве го соопштението: Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и …

МВР објави детали за истрагата околу адитивите во ЕСМ Read More »

(Галерија) Протестен марш против аерозагадувањето: Молчи, трпи, гуши се!


Повеќе граѓани на Скопје, попладнево се собраа на протестен марш против аерозагадувањето во центарот на Скопје. Тие маршираа од Министерството за животна средина, до Собранието, а од таму до зградата на Владата. „Партиска книшка штити од загадување?“, со ваков транспорент се бараше чист воздух на протестот во Скопје. Тие порачаа дека сите го дишат истиот …

(Галерија) Протестен марш против аерозагадувањето: Молчи, трпи, гуши се! Read More »

Еве каде сѐ утре ќе нема струја во Скопје


Од ЕВН Македонија АД изветсуваат дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 07.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од с.Сопиште, околина кај маркет Давидов, дел од Теферич, према Сопиште (општина Сопиште) – во периодот од 8.50 до 16 часот, корисниците од с.Мирковци, с.Горно Оризари, с.Глуво, с.Бразда (општина Чучер Сандево …

Еве каде сѐ утре ќе нема струја во Скопје Read More »

Здружението на судии бара брзо решавање на случајот со судијата Беџети


  Ставањето на црната листа на САД, на кој било судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт, истакнува денеска Здружението на судии во врска со последните имиња кои беа објавени на црната листа на САД, меѓу кои е и апелацискиот судија Енвер Беџети. „Имајќи го предвид значењето на …

Здружението на судии бара брзо решавање на случајот со судијата Беџети Read More »

Промовирана едукативна онлајн-игра за човекови права „Навигатор“


 По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, денеска беше промовирана онлајн-играта „Навигатор“ – интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права. Платформата е креирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус во нашата земја, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации и Министерството за …

Промовирана едукативна онлајн-игра за човекови права „Навигатор“ Read More »

Македонија заедно со Бугарија и Албанија на дното по квалитетот на патишта


Според истражување спроведено на популарната страница DiscoverCars, туристите го оценуваа квалитетот на патиштата во 11.003 земји кои ги посетиле. На основа на тие рецензии, објавен е список на земји со најдобри и најлоши патишта. Најдобри патишта според оценките на туристите: Нови Зеланд – 8.71 Полска – 8.70 Канарските острови – 8.61 Германија – 8.45 Балеарските острови – 8.44 Франција – 8.40 Хрватска – …

Македонија заедно со Бугарија и Албанија на дното по квалитетот на патишта Read More »

Сиљановска-Давкова има полна доверба во Армијата


Горда сум на Армијата не случајно ужива најголема доверба, што е доказ за нејзиниот кредибилитет и дигнитет не само дома, туку и надвор, истакна претседателката и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова по брифинг за борбената готовност на Армијата. Посочи дека извештајот бил темелен, полн со податоци и факти. -Заснован на …

Сиљановска-Давкова има полна доверба во Армијата Read More »

Ѓорѓиевски: Подобро финансирање на општините за силна локална самоуправа


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, Истакна дека Систематизираните ставови на ЗЕЛС, ревидирани секоја година, претставуваат основа за лобирање пред централната власт. Тој изрази задоволство што Владата ја разбира суштината на овие предизвици и активно работи на реформи во …

Ѓорѓиевски: Подобро финансирање на општините за силна локална самоуправа Read More »

Препораки има, но договорите за мали хидроцентрали во НП „Маврово“ не се раскинуваат


  Постојаниот комитет на Бернската конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, Франција, минатата недела повторно го разгледуваше случајот за националниот парк „Маврово“ и изградбата на хидроцентрали на неговата територија. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на дадените препораки …

Препораки има, но договорите за мали хидроцентрали во НП „Маврово“ не се раскинуваат Read More »