Се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа, вели Николоски


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово, кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира […]

Пет активни пожари на отворено во државата


Пет пожари од вкупно 14 регистрирани на отворен простор денеска до 13 часот, се сè уште активни. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општините Студеничани и Зелениково. – Во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во […]

Се обновува пешачката патека крај Вардар од Ново Лисиче до Влае


Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото […]

Почна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници


Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите – посочи министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на првата работна сесија со тимот што ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на […]

Во штипските основни и средни училишта новата учебна година ќе ја почнат 5.569 ученици


Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека  вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика.  -Што […]

УХМР најавува невреме попладнево


Денес, времето претпладне же биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне кон крајот на денот. Во […]

Уништени над 27,5 тони млеко од Косово со зголемено присуство на афлатоксин


Млеко увезено од Косово е запленето и уништено поради зголемено присуство на афлатоксин. Млекото е запленето на граничниот премин Блаце. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство […]

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди Филипче


ПЕТ скенот од кој зависи животот и здравјето на најболните пациенти од рак работел само еден ден, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој ја повика власта ведшаш да биде поправен бидејќи веќе два ипол месеци им го загрозува лекувањето на болните од рак. -Само еден ден работеше ПЕТ скенот и сега повторно е надвор […]

ЛДП ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот


Либерално-демократска партија ја обвини Владата дека прави монопол во авиосообраќајот додека се фали дека обезбедува нови летови за Македонија, а реално ја сопира конкуренцијата.   -Под превезот на фалењето на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за „новите 28 авиодестинации“ се крие исклучително опасна состојба во македонскиот авиосообраќај. Наместо слободен пазар, еднакви можности и подобри услови за патување, македонското […]

Левица: ​​​​Една година без исплати за лицата со попреченост


Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да […]

Артан Груби седна во обвинителна клупа


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почна предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги […]

Македонското слово како мост меѓу културите на 59. Меѓународен семинар во Охрид


Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамки на 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид. На Семинарот учествува и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, […]

Регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни


Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и […]

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната […]

Утре без струја дел од општина Центар


  Од 08.00 до 14.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците од улицата „9 Мај“, дел од „Рузвелтова“, „Христо Смирненски“ и дел од „Теодосиј Гологанов“, додека од 09.00 до 09.20 часот, корисниците на улицата „Васил Главинов“ бр.7Б.

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД


Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше […]

Герасимовски до „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“: Чистете и во Центар!


Општина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето. До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни […]

Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла


Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се […]

На денешен ден пред 97 години, Скопје било погодено од големата поплава


Ноќта меѓу 22 и 23 август 1929 година, Скопје било погодено од голема поплава предизвикана од обилните врнежи во Скопската Котлина. Според извештајот објавен непосредно по настанот, најкритично било околу 21:30 часот. Водата од северните и северозападните делови на котлината се движела кон Радишани и Бутел, а потоа се разлевала кон Чаир, Топанско Поле и […]

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии


Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на диви депонии и отстранување на последиците од невремето. Вчера и денеска, со два багери и два камиони, општинските екипи работат на расчистување на натрупан отпад во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало. Паралелно се продолжува и со расчистување на локациите зафатени од невремето, […]