Забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“


ЈП „Стрежево“ Битола информира дека почна периодот на забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“.

Од јавното преторијатие кое стопанисува со вештачката акумулација посочуваат дека забраната ќе трае до 31 јануари 2027 година и е со цел да се обезбеди заштита на пастрмката во периодот на природна репродукција и овозможување услови за одржување и унапредување на рибниот фонд.

Од ЈП „Стрежево“ апелираат до сите риболовци доследно да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд и заштита на природните богатства на акумулацијата „Стрежево“.