Намалена видливост поради магла на Плетвар, снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.  Слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања. На одредени патни …

Намалена видливост поради магла на Плетвар, снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово Read More »

Одбележување на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството


Црвениот крст на Република Северна Македонија со пригоден настан ќе го одбележи 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на признавање на несебичната посветеност и придонес на волонтерите ширум светот. Овој ден, посочуваат, е можност да се истакне важноста на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството. Волонтерите се срцето на заедниците – …

Одбележување на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството Read More »

Јужнокорејската полиција соопшти дека почнала со истрага против претседателот поради „бунт“


 Јужнокорејската полиција почна со истрага против претседателот Јун Сук Јеол за наводен „бунт“ поради неговото прогласување на воена состојба, изјави денеска висок полициски службеник. Ву Јонг-су, шеф на Националниот истражен штаб на Националната полициска агенција, им рече на пратениците дека „за случајот веќе се постапува“, јавија локалните медиуми.  Јужнокорејското обвинителство отвори истрага против претседателот на …

Јужнокорејската полиција соопшти дека почнала со истрага против претседателот поради „бунт“ Read More »

ЗЕЛС организира форум „Здружени“ по повод кампањата за крај на насилството врз жените и девојчињата


 Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска организира форум „Здружени“ во рамки на кампањата  16 дена активизам: #НемаОправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата.  Форумот е организиран со поддршка на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените UN Women. Како што најавија организаторите, на форумот ќе …

ЗЕЛС организира форум „Здружени“ по повод кампањата за крај на насилството врз жените и девојчињата Read More »

ДКСК го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија. …

ДКСК го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата Read More »

Без струја дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште


Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште. Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Осло“, во општина Карпош.  Без струја во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ќе бидат дел …

Без струја дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште Read More »

Без вода населба Маџир Маало поради уличен дефект


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф- 2 на Кеј 13-ти Ноември 60, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 …

Облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег Read More »

Партијата на пензионери е категорично против зголемување на прагот за пензионирање


Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот. За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која, како што се вели во соопштението до медиумите, наводно има за цел да се подобри финансиската положба …

Партијата на пензионери е категорично против зголемување на прагот за пензионирање Read More »

Од утре, бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“ – над 1.500 ученици ќе останат дома


Да се бојкотира наставата, односно ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ на вечерашната вонредна седница. – Овие денови постојано се вперува прстот кон „Лазо Ангеловски“ и локалните служби на оваа образовна институција. Нели …

Од утре, бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“ – над 1.500 ученици ќе останат дома Read More »

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев?


  Фискалниот совет со предлогот за зголемување на старосната граница за одење во пензија од сегашните 64 години на 67 и тоа почнувајќи од 2026 година, како и за покачување на стапката за пензискиот придонес за 0,7 процентни поени, а ако треба и уште повеќе, предизвика жестоки реакции кај граѓаните, синдикатите, бизнисмените и кај дел …

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев? Read More »

Клековски поднел кривични пријави против шест директори во здравството


Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“ рече дека се поднесени кривични пријави против шестмина директори. Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, притоа потенцирајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите. Се работи за директор на здравствена …

Клековски поднел кривични пријави против шест директори во здравството Read More »

За приредбата со униформи на УЧК и пластички пушки одговорност ќе понесе една од наставничките


Извештајот за надзорот е готов. Просветните инспектори утврдиле неправилности и одговорност ќе поднесе една од наставничките која била организатор на приредбата. За тоа ќе информиран и директорот и градоначалникот на општината за да постапат по закон, кажа денеска министерката за образование, Весна Јаневска за приредбата со децата во основното училиште во Челопек кои носеа униформи …

За приредбата со униформи на УЧК и пластички пушки одговорност ќе понесе една од наставничките Read More »

УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност


Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски …

УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност Read More »

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев


Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри денеска му додели титула „Почесен витез од орденот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Универзитет Американ колеџ,Марјан Бојаџиев, како признание за неговиот придонес за поттикнување на меѓукултурен дијалог и унапредување на образовните стандарди помеѓу Северна Македонија и Италија. -Ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), проф. Бојаџиев е успешен економист, едукатор …

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев Read More »

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако


Денеска на плоѓтадот „Македонија“ стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот нема.  Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за …

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако Read More »

Перински не се откажува од иницијативата за смена на градоначалниците со референдум


 Една од најважните иницијативи за локалната самоуправа е можноста за референдумско изјаснување за отповикување на градоначалниците, што ќе ја зголеми одговорноста на локалните лидери и ќе овозможи поголема контрола од страна на граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Перински, во гостување на ТВ Алфа, истакна дека ова решение било присутно и во Законот …

Перински не се откажува од иницијативата за смена на градоначалниците со референдум Read More »

Уставниот суд укина одредби од деловници на неколку општини


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-ва седница на која беа разгледани десет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и четири предлози за одлучување. Меѓу отфрлените иницијативи беа оние за оценување на уставноста на членови од Законот за даноците, Законот за управни спорови и Законот за организацијата и методологијата …

Уставниот суд укина одредби од деловници на неколку општини Read More »

ВМРО-Народна партија бара укинување на приватниот пензиски фонд


ВМРО-Народна партија смета дека дупката во пензискиот фонд, како и барањето за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката е резултат на создавањето на ориватниот пензиски фонд.  -Во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и …

ВМРО-Народна партија бара укинување на приватниот пензиски фонд Read More »

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“


Откако и родителите на учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром се заканија дека нема да ги донесат децата на настава од утре, затоа што во училиштето се врати третоодделенецот кој беше проблематичен, Весна Јаневска, министерката за образование и наука се прогласи за ненадлежна за решавање на проблемот. Вели дека има систем, но поголеми ингеренции …

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“ Read More »