Акција за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата во Скопје, делумен прекин ќе има во неколку населени места


Рано наутро утре (сабота) екипи на Водовод ќе бидат вклучени во акција од Оперативен план чија цел е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода. -На 31 мај со отпочнување во 00:00 часот планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, […]

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија


Во рамки на одбележувањето на 76-годишнината од основањето и патрониот празник, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одликува проф. д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија, со звање почесен професор (Professor Honoris Causa). УКИМ соопшти дека признанието е во знак на неговите исклучителни научни и академски достигнувања, како и […]

Марш за подигање на јавната свест за болеста мултипла склероза


По повод 30 Мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Северна Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза. Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е […]

И денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Дожд ќе има во источните делови од земјата, во полошкиот регион, и во пелагонискиот регион. Минималните температури ќе се движат во интервал од шест до 15 степени, додека максималните од 13 до 24 степени. […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 30 мај 2025 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 216 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 59 минути.  Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Данела со „ловот“ по дивоградби го почна вториот чин за локалните избори, по првиот со унгарските пари


  Градоначалничката на Скопје, кoja изминативе денови е во „лов на дивоградби“ во Општина Чаир, веројатно ќе заработи и кривична пријава, а судирот меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, ноќеска кулминираше со истурање ѓубре пред портите на Град Скопје.  Арсовска со денови ги повикува сите надлежни институции да преземат мерки да се спречи градењето […]

Истрагата за Кочани е завршена, за некои обвинети ќе биде прекината


Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Тврди, ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата […]

Дали генералниот секретар на Владата е поважен од двајца министри?


  Едно соопштение за владини активности сугерира дека можеби функционалната структура во Владата се променила во овој состав. На одреден начин тоа го потврдуваат и фотографиите. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација, Златко Перински и Стефан Андоновски, денеска во паралментот на Естонија имале средба со парламентарната […]

Мицкоски ја повика ЛДП да помогне, таа бара средба со него за патот кон ЕУ


  Откако денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница ги повика СДСМ и ЛДП (споменувајќи ја директно лидерката Моника Зајкова) да помогнат во лобирањето за извештајот на Европскиот парламент, тој доби брз одговор од либерал-демократите. Во него ЛДП бара итна средба со премиерот за да бидат информирани какви напори вложил досега и каква е стратегијата […]

Од 1 јуни венчавки во „Порта Македонија“


Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки.  – Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за […]

Ретка изложба од колекцијата на Собранието- изложени 22 дела од првата генерација македонски сликари


Во Собранието денеска беше отворена изложбата „Од ризницата на Македонското собрание“, која претставува избор од највредните уметнички дела кои се дел од колекцијата на законодавниот дом. Од вкупно 160 уметнички дела кои се наоѓаат во колекцијата на Собранието, на оваа изложба во Кристалната сала беа изложени 22 дела на основоположници на современата македонската уметност, првата […]

Климатизирани училници, скратени часови и засолништа на работното место предлага Институтот за јавно здравје


Институтот за јавно здравје објави Акциски план за справување со топлотни удари 2025 – 2030 во кој препорачуваат училиштата и факултетите да обезбедат климатизирани простории за учење и редовно да ги информираат учениците и наставниот кадар за здравствените ризици од високите температури. Покрај тоа, се препорачува социјалните служби да преземат мерки за заштита на ранливите […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


Согласно добиено известување од Град Скопје – Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на во сабота и недела во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе […]

Герасимовски се подготвува за втор мандат, најавува одличен план и програма


Градоначалникот Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат, со одличен план и програма којашто се спрема. „Изминатите три ипол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме […]

Миле Тодоров исчезнат во јануари, виден кај планината Серта


Исчезнатиот Миле Тодоров по кој се трага уште од јануари месец бил виден кај планината Серта објави неговата сестра на социјалните мрежи. „По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој исчезна на 30 јануари годинава е виден како се движи покрај планината Серта. Доста бил ослабнат и со подолга коса и брада“, објави на Фејсбук Марија […]

Обвинителството очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“


Обвинителството очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“, поради основано сомнение за злосторничко здружување и перење пари. Јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова денеска изјави дека располагаат со доволно материјални и вербални докази кои ќе ја докажат вината на обвинетите. Во однос на фактот шро во случајот има обвинето цели семејства, […]

Ганиу: Чаир не е ни меѓу петте општини со најмногу дивоградби во Скопје


Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу тврди дека Чаир не е ни меѓу петте општини со најмногу дивоградби во Скопје, но оваа акција што ја презема градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е од други побуди.  На денешната прес-конференција Ганиу рече дека на суд ќе се докажува кој објект е дивоградба. Но, смета дека не е […]

Худолин: Управувањето со отпадот со најмал развој, а дадени се 50 милиони евра грантови


Откако сум дојден тука, во Северна Македонија, управувањето со отпадот е еден од секторите во кои сме виделе најмалку развој. Повеќе од 50 милиони евра преку грантови се распределни низ различните инструменти на ЕУ како поддршка на локалните и националните структури за управување со отпад, а уште 25 милиони се дадени за инфраструктурни проекти. Но, […]

Една од целите на Народна банка е да ја поддржува владата, рече Славески


  Новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, по денешната свечена изјава рече дека централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација, односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата. „Се разбира законските надлежности се дефинирани, тоа е ценовна стабилност што за Република […]

До недела променливо време со повремен дожд, а потоа стабилно и топло до 35 степени


Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд, соопшти УХМР. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури, кои ќе достигант до 35 степени Целзиусови.