Пад на системот е причината поради која синоќа во општина Карпош немаше осветлување


Пад на системот е причината поради која синоќа општина Карпош остана без осветлување одреден период, информираа од Општината преку својот фејсбук профил. „Ве информираме дека поради пад на системот во моментот Општина Карпош е без улично осветлување. Во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот за нормализирање на осветлувањето во […]

Рекордна потрошувачка на вода – „Водовод“ апелира да се користи рационално


ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови. Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител. Воедно и апелираме до […]

Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните […]

Без струја дел од Шуто Оризари


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Шуто Оризари –  место викано Пирков Рид во општина Шуто Оризари. Како што соопшти РЦУК Скопје, прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Сончево и топло со температури до 39 степени


Времето денеска се очекува да биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Според синоптичарите, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 3 јули 2025 година, 184-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 181 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза прва четвртина нема да изгрее, а […]

За 26,4 милиони Владата ќе ги оценува медиумите и дали вестите се позитивни или негативни


  Владата ја избра компанијата која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. За 26.415.480 денари компанијата Клипинг ќе го изработува софтверот, а на јавниот повик се јавиле само две компании. Времетраењето на договорот е 12 месеци, односно […]

Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака


 Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за […]

Второ советување за правните основи за запишување и промени во Катастарот


Денеска во Скопје се одржа второто советување на тема: „Правни основи за запишување, прибележување и промени во катастарот на недвижности“, организирано од Агенцијата за катастар на недвижности, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Академијата за судии и јавни обвинители. Во своето воведно обраќање, директорот на Агенцијата, Иван Живковски, истакна дека овој тип советувања […]

Од говор на омраза до геноцид – во Скопје со дебата ќе биде одбележана 30-годишнината од геноцидот во Сребреница


Со цел достоинствено, видливо и впечатливо да биде одбележана 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, Босна и Херцеговина, група невладини организации во земјава организира низа настани од културно-информативен и едукативен карактер во текот на месец јули. Еден од настаните е дебата насловена „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“, која ќе биде […]

АХВ: Внимателно со чаевите за слабеење што ги купувате на Фејсбук и на Инстаграм


Сѐ почесто сме сведоци на рекламирање на производи за слабеење со тврдења кои не се научно потврдени, а понекогаш дури и опасни по здравјето. Неконтролирана употреба на чаеви и додатоци за слабеење, посебно оние набавени преку социјалните мрежи или нерегистрирани онлајн-продавници, може да доведе до сериозни здравствени компликации – од дехидратација и нарушување на електролитен […]

Полската амбасада ќе финансира изградба на парк за лицата со попреченост


Полската амбасада во Македонија и  организацијата Equality потпишаа договор денес за изградба на „Парк за еднаквост“ во Скопје. Паркот ќе биде изграден во населбата Кисела Вода и ќе биде наменет за лицата со посебни потреби.   -Вакво нешто не постои никаде во Македонија. Ја видовме потребата да се создаде такво место во македонската престолнина,  што претседателот […]

Обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ конечно стигна во Основниот кривичен суд Скопје


Обвинителниот акт за трагичниот пожар во Кочанската болница по повеќе од половина месец патување низ судовите низ Македонија, денеска стигна на конечната дестинација, во скопскиот Кривичен суд каде ќе се суди еден од најголемите предмети за една најголемите трагедии во Македонија. Откако од кочанскиот суд беше препратен во штипска Апелација, па во Врховен суд, па […]

Во рамките на ОЈО отворена е првата просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе


Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денес беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе. Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен […]

Минчев до административците: Нема веќе плата без работа!


Министерот за јавна администрација, Александар Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор. – Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, […]

На застарени БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ им се вградуваат резервоари за вода да гаснат пожари летово


Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и одбрана, се прилагодуваат за гасење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој кажа дека пожари ќе се гасат како и досега со армиските и полициските хеликоптери како и со авионите […]

Пожар во подрумските простории на зграда во Аеродром


Вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар. „Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје


Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек. „Од Основниот суд во Кочани заедно […]

Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче


Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година. Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан […]