Правдата победи, реагира Максим Димитриевски. Обвинителството се дообјаснува


  Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи, кажа кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако обвинителството го повлече обвинението против него. „Пред претседателските избори во 2024 година реков дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. […]

Сите Југословени конечно добија соодветно државјанство


 Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настан во организација на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи во соработка со УНХЦР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој се одбележа успешното решавање на случаите без државјанство кои произлегоа од распадот на СФР Југославија. Заменик-министерoт Исени во своето обраќање истакна дека државјанството е едно […]

Сашо Стефановски нов претседател на АВМУ


  Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одржаа конститутивна седница на која за претседател на АВМУ беше избран Сашо Стефановски, додека за заменик-претседателка е избрана Зириета Хајро-Јајага, соопштија од агенцијата. Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро-Јајага, членуваат и Афрона […]

Лично на Ангелов да се пријават инспекторите кои бараат пари за некакво одобрение


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска ги повика граѓаните да му пријават лично нему ако некој од Дирекцијата им бара пари за да добијат одредено одобрение. „Во јавноста постојат многу шпекулации и оговарање дека инспекторите од Дирекцијата бараат пари за да завршат некоја работа. Јас такви информации сè уште немам, […]

Дали „иницијативата“ на Мицкоски за македонскиот јазик беше фарса?


  Поранешниот специјален координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец, по отфрлањето на одредницата за македонскиот јазик и идентитет во амандманот за извештајот на Европскиот парламент, го поставува прашањето дали „иницијативите“ на Христијан Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех? Во својата објава […]

Коцевски побара повеќе пари од ребалансот на буџетот за вештaчења, дигитализација и нови вработувања


 Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска од страна на пратениците на собраниската Комисија за фианансирање и буџет, побара од ребалaнсот на Буџетот да се издвојат пари за вештачењата на предметите Онкологија и Пулс, како и за дигитализација на оваа институција, продолжување на лиценците за софтверите и за исплата на додоатоци за вработените, кои, рече, согласно […]

Кој нареди да се повлече обвинението против Максим Димитриевски, прашува СДСМ


  Откако само пет дена пред завршните зборови во судската постапка, обвинителството во Куманово без никакво објаснување го повлече обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски СДСМ бара одговори зошто е тоа направено и кој дал наредба за таквата постапка. „Случајот беше воден повеќе од една година, со конкретни обвинувања за злоупотреба на службена положба, за неисполнување […]

Судијката Даниела Димовска нов в.д. претседател на Основен кривичен суд Скопје


Судијката Даниела Димовска е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд Скопје. Одлуката беше донесена на денешната седница на Судскиот совет. Покрај неа за вршители на должноста претседатели до конечен избор се избрани Елјеса Алији за Основен суд Гостивар, за Основен суд Дебар, Мерсим Марку и Основен суд Свети Николе, Валентина Буревска кои на […]

Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители


Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е над еден милион и 820 илјади осигуреници што е повеќе од бројот на жители според последниот Попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко […]

Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани


Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари. -Гасењето на огнот […]

Едната пациентка од трагедијата во Кочани сѐ уште е на интензвина, другиот се бори со инфекции


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска изјави дека бројот на поплаки од семејствата на повредените во пожарот во Кочани е значително намален и дека огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата, а не од донации.  – Еден дел од барањата не се за лекови, туку се […]

(Видео) Јаневска: И распоредот ќе се прави со ChatGPT


Министерката за образование и наука Весна Јаневска  се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука. Прашана како ќе биде воведувана вештачката интелигенција во образованието, таа рече дека учениците и наставниците ќе се учат како да користат Чат ги-пи-ти.  Ова ќе се прави во соработка со Универзитетот „Гоце Делечев“ од Штип.  Дури […]

Доделени 17 грантови за помош на стари лица и лица со попреченост


Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално врачи седумнаесет (17) нови договори за грантови за развој на социјални услуги, во рамки на Третиот јавен повик, дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги. Министерот во своето обраќање до присутните се осврна на заложбите на министерството – да се одговори реално и […]

Обвинителството се откажа од обвинение против Максим Димитриевски


Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од […]

Поради големиот интерес, Герасимовски го проширува повикот за субвенции за возачка дозвола


Општина Центар донесе одлука да го прошири опфатот за доделување субвенции за обука и полагање возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес на младите за овој јавен повик. Со новата одлука, право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите оние родени во 2006 и […]

Од јануари 2026 година во основните училишта влегува вештачката интелигенција


Градење дигитална писменост, вештачка интелигенција, кодирање и логичко размислување како дел од редовната настава во основните училишта во Македонија, ќе почне да се спроведува од јануари 2026 година . Како што најави министерот за дигитално општество Стефан Андоновски, во партнерство со Бритиш кансил и Министерството за образование, започнува нова фаза на програмата 24 сенчри скулс […]

Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите


Топлотниот бран што ја зафати земјава влијае негативно врз земјоделските култури. Поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација, а и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат.  Се […]

Спортско-рекреативно планинарење за лица со и без попреченост на Кожуф


Во организација на Фондацијата „Ице Бегов” и Здружението Планинарски спортски клуб „Кожуф“ – Гевгелија, изминатиот викенд се одржа третото инклузивно искачување и пешачење на планината Кожуф. Настанот што овозможува спортување, рекреација и социјализација за лица со и без попреченост, полека станува традиција на југот на Македонија, за којашто, сите се согласија – мора да продолжи. […]

Тошковски и Муцунски по изборни гласови во Пустец


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за култура, Зоран Љутков, вчера ја посетија Мала Преспа и општина Пустец – домот на македонското малцинство во Албанија. Во рамки на посетата, како што соопштија, оствариле „топли и конструктивни средби со локалното население“ и присуствувале […]

Левица бара обезбедување престој за жртвите на семејно насилство


Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој бара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство. -Во Македонија постојат само 11 шелтер центри, од кои дел се руинирани, неопремени, нефункционални, со крајно ограничени капацитети кои никако не можат да одговорат […]