ДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, […]