Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“


Северна Македонија e меѓу првите држави во Европа кои го усвоија најновиот европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“, дел од европската регулатива Европски простор за здравствени податоци European Health Data Space (EHDS), соопшти денеска Министерството за здравство. На меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена, националниот здравствен информатички систем „МојТермин“ успешно ги поминал […]

Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.  Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало […]

Треба да се сменат шест-седум закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“


 За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го […]

Зонското паркирање стигнува во Реонски центар, Аеродром – поставени табли кај Т.Ц. „Лиса“


  Информативни табли за зонско паркирање поставени се во Реонски центар во Општина Аеродром, а наскоро се очекува и почеток на наплаќањето за паркирање. Таблите се поставени покрај недоизградената црква „Света Софија“, во која деновиве се забележани активности за продолжување на градбата. Паркингот се протега по должина на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, односно од […]

Мора да има одговорност за „Пулс“, порача Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници […]

И дијаспората ќе може да закаже сликање за пасош онлајн


Министерството за внатрешни работи соопшти дека е овозможено онлајн закажување термин за сликање за лични документи преку интернет-платформата на МВР – https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request – и за лицата кои не поседуваат македонски телефонски број, односно за македонската дијаспора. Резервацијата на термин може да се изврши преку електронска пошта. Според податоците на Министерството, од воведувањето на електронското закажување преку веб-страницата […]

Улицата „Волковска“ денеска ќе биде затворена за сообраќај


Во рамки на проектот за унапредување на патната инфраструктура, на улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека работите ќе започнат утре од 01:00 часот по полноќ, и ќе траат најдоцна до недела до 09:00 часот. Во наведениот период, улицата […]

Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 30-40 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 5 јули 2025 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 179 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита


Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 […]

До 13 јули пензионерите од Бутел може да аплицираат за финансиска помош


Јавниот повик за финансиска поддршка за пензионерите од општина Бутел е продолжен до 13 јули, известуваат од локалната самоуправа.  Право на финансиска поддршка ќе остварат: – Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел – Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 21.909 денари.  Јавниот повик е отворен […]

Црквата „Света Софија“ во Реонски продолжува да се гради, околу неа комерцијални објекти


Црквата „Света Софија” во Реонски центар, кај ТЦ „Лиса“ продолжува да се гради по повеќегодишна пауза. „Света Софија” почна да се гради во 2013 година како голем православен верски храм во кој ќе можат да се служат верски обреди, да се одбележуваат празници. Но, беше изградена до карабина, а над куполата беше поставен крст. Но, […]

Општина Центар одвои еден милион денари за повредените и семејствата на загинатите од Кочани


На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани. „Кога е најтешко, да си подадеме рака, да […]

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на „Табановце“


Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце – Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. Почетокот на овој систем на заеднички […]

СДСМ: Шокантно, Мицкоски сака да ги казнува луѓето што не се во брак


  СДСМ реагира дека со шок и неверување ја проследиле намерата на премиерот Христијан Мицкоски да воведе данок на неженети и немажени. „Оваа длабока конзервативна и погрешна идеја директно гази на правата, слободниот избор на граѓаните и ја ништи нивната волја. Ваквите недемократски мерки немаат место ни во земјите од третиот свет, а не пак […]

Остри реакции на предлогот за ергенски данок на Мицкоски: Бракот не е даночна обврска


  Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица предизвика остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација. „Таквата изјава е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода“, се вели во реакцијата. Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна […]

Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа […]

На спортските терени и паркови во Велес се поставува видео надзор


 Со цел заштита на урбаната опрема   поставени  се камери за 24 часовен видео надзор на спортските терени кај ООУ „Васил Главинов” во Велес. Како што информираат од локалната самоуправа, во наредниот период ќе бидат поставени камери и на други локации во градот. – Чувај го градот убав, не ја уништувај урбаната опрема наменета за […]

Учениците од „Зеф Љуш Марку“ од септември физичко на нови терени


Во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“ ги реконструиравме спортските терени со цел создавање поквалитетни услови за спроведување на наставата по физичко образование и подобрување на инфраструктурата за спорт и рекреација за нашите средношколци. Во рамки на градежните работи комплетно се реконструирани атлетската стаза, теренот за кошарка и теренот за одбојка, прилагодени за […]

Утрово запалена депонијата во Делчево – регионалната во Мечкуевци во застој


 Во Делчево денеска се одржа воведна работилница во рамки на процесот за усогласување со Поглавје 27 од ЕУ-преговорите, посветена на темата „Справување со отпадот“ и подготвеноста на општините Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево за новите еколошки предизвици. На настанот се обрати Зоран Биковски консултант во проектот, кој потенцираше дека институциите се наоѓаат пред сериозни […]