Андоновски: Целосна дигитализација на Македонија до 2035 година


Се насочуваме кон дигитална заедница, но не смееме да бидеме само имитатори на актуелните случувања, туку треба да ги обликуваме заедно со развиените земји. Овој проблем не познава ограничувања, секоја држава, дури и најмалата, доколку поседува солиден ИТ капацитет кај персоналот и позитивни навики кај жителите, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави […]

Лицата со попреченост ќе добијат Центар за дневен престој во општина Карпош


Поттикнати од мотото „Заедно сме – се грижиме со срце и одговорност“, градоначалникот Стевчо Јакимовски и м-р Катерина Димова од Здружението „Неуроклиник“ вчера потпишаа договор за меѓусебна соработка. Оттука, Општина Карпош и Здружението за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни – „Неуроклиник“ ќе работат заедно на воспоставување на дневен престој за лица […]

Заврши комплексниот зафат за подобрување на водоснабдувањето во Скопје, кој се прави еднаш на 60 години


ЈП „Водовод и канализација“ заврши со комплексниот технички зафат, кој се прави еднаш на 60 години, за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и за намалување на загубите на вода. „Од името на Град Скопје сакам да истакнам благодарност до тимот на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, кој под раководство на директорот […]

Започнаа интервјуата – осум студенти на платена пракса за 15.000 денари во Општина Центар


Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека одѕивот беше голем, што потврдува дека младите гледаат вредност и можност за развој преку институционално искуство. „Среќен сум што младите изразија желба и аплицираа за практикантство во […]

Арсовска: Ќе го дестабилизираат Скопје – прво со ЈСП, па со „Комунална“


Откако градоначалничката на Скопје , Данела Арсовска, влезе во клинч со власта, преку изнесувањето факти за тоа како се градат дивоградби во Чаир, сега таа најавува дека намертата им е дестабилизација на Скопје.    „Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го […]

Отворање Спомен соба и промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј


Во Музејот на РС Македонија денеска ќе биде отворена Спомен соба и ќе се одржи промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија. Како што наведуваат од Музејот, во спомен собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот […]

Промоција на поштенска марка за 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик


По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик денеска ќе се одржи промоција на јубилејна поштенска марка. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на промоцијата што ќе се одржи во Порта Македонијаќе се обрати ресорниот министер Зоран Љутков.

Јавна презентација во Јуроп хаус Скопје на Еразмус+ проектот „Патеки до креативни кариери“


Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ од Скопје, денеска во „Europe House“ Скопје, ќе одржи јавна презентација на европскиот проект „Pathways to Creative Careers / Патеки до креативни кариери (P2CC)“. Како што информираат од Здружението, презентацијата ќе понуди увид во целите, методологијата и досегашните резултати на проектот на Еразмус+, […]

Сончево и топло, температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје […]

Сертифицирани инструктори од Велика Британија започнаа тридневна обука со ДПД ,,Пехчево”


Сертифицирани инструктори од Велика Британија, три дена ќе ги обучуваат членовите на Доброволното противпожарно друштво ,,Пехчево”. Обуката ја спроведува тим од организацијата “Операција Флоријан” од Велика Британија, која е добро позната во Источниот регион по неколку десетина донации во возила и опрема за противпожарните служби. -Денеска е прв ден на тридневната обука на членовите на […]

Распишан повик за доделување на стипендии за младите штипски спортисти


Општина Штип за првпат распиша јавен повик за доделување стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и Никола Костадинов, претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип на денешната прес-конференција информираа дека стипендиите се наменети за ученици-спортисти кои […]

Дигитализирани две нови услуги на МВР


Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk. Преку порталот uslugi.gov.mk пуштени се во функција две нови дигитални услуги и тоа: – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица – Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица „Министерството целосно […]

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат расправа во Советот за дивоградбите во Чаир – се откажаа и од онаа за Сарај


Со само 18 гласа „за“, Советот на Град Скопје не го изгласа дневниот ред за вонредната седница, на која требаше да се расправа за дивоградбите низ Чаир, кои деновиве ги откриваше градоначалничката Данела Арсовска. Имено, на оваа седница има две точки на дневниот ред – информација за ситуацијата со дивоградбите во општина Чаир и во […]

Пред Собранието, сепак, ќе може да има протести


  Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Европскиот фронт“ денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести […]

Покренати кривични пријави против шест лица околу злоупотребите во Државна лотарија


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против шест физички лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Имено, првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор […]

Скопјани повторно извисија – приватните автобуси не возат


Последните неколку дена скопјани повторно подолго чекаат автобус на постојките каде покрај автобусите на Јавното градско сообраќајно претпријатие треба да поминат и оние од приватните превозници. – Автобус со број „23“ последно имаше во петокот. Вчера и денеска нема, вели една редовна патничка, која место на 23-ка се качи на 27-ка затоа што оди до […]

Министер за здравство може да почекаме до 12 јуни


По оставката на Арбен таравари, министерството за здравство е без нов шеф, односно, покрај предлогот Азар Алиу од ВЛЕН, да седне на министерската фотелја, предлогот уште не е поминат на Собрание.  Премирот Христијан Мицкоски се надева дека министерот за здравство ќе биде побрзо избран и можеби нема да се чека до 12 јуни, за кога […]

УКИМ годинава испадна од листата најдобри 2.000 универзитети според CWUR


Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2025 година, која ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика […]

Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом


Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално ги потпиша договорите за грант за развој на социјални услуги со девет општини, од вкупно 26 одобрени апликации. Доделувањето на грантовите е во рамки на третиот јавен повик од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој се реализира со поддршка од Светската банка. На […]

Покрената истрага за дивоградба од шест спрата во Чаир


Постапувајќи по кривична пријава поднесена од група жители, државен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истраги и издаде решение за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело нелегално градење од член 244-а од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денес информираа дека објектот започнал да се воздигнува во 2024 […]