Трета светска конференција за религиски дијалог и соработка во Крушево


Во Крушево денеска ќе се одржи Третата светска конференција за религиски дијалог и соработка, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конференцијата ќе се одржува до 27 јуни. Како што е најавено, овој настан ќе собере еминентни професори и експерти од повеќе […]

Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите


 Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната […]

Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски денеска изјави дека до 11 или 12 јули ќе биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, каде како, што појасни има големи косини, кои треба да се санираат, со што, како што претходно најави и премиерот Христијан Мицкоски првите 40 […]

Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск


Најмалку девет лица загинаа, а 13 се повредени во напад што се случи во црква во Дамаск, објавија денеска сириските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група Исламска држава влегол во црквата „Свети Илија“ и отворил оган, а потоа го активирал својот експлозив. […]

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час


На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија денеска од Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

До средината на јули треба да стигнат понудите на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси


Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се собираат во рок од 30 дена и треба да стигнат до средината на јули, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  Автобусите, како што кажа, ќе доаѓаат со станици за полнење. -Предвидено е […]

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква


Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види каков потреби имаат и како ќе може да им се помогне, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу.  -Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари […]

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“


Во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4.070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан во клубот „Пулс“, информира Граѓанската иницијатива Support Kocani. Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, како што посочуваат, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни […]

(Видео) Лекарите од Клинички ќе се паркираат во „Лимак“


Во договор со „Лимак“ во близина на Клиничкиот центар во Скопје, Министерството за здравство наоѓа решение за паркирање на клиниката.  Имено, како што рече министерот за здравство Азир Алиу, дел од вработените во Клиничкиот центар, ќе се паркираат на дел од просторот кој го нуди објектот „Лимак„, а за тоа ќе се плаќа исто како […]

„Битолски хорологион II“ ново дело на Марјан Танушевски


Новинарот на МИА, Марјан Танушевски ја промовира авторската книга „Битолски хорологион II“, издание на Македонско научно друштво – Битола. Книгата е мотивирана од сончевиот часовник, ремек дело изработено од мермер во 157 (CLVII) година, Хорологион, пронајден во Хераклеа Линкестис и содржи новинарски приказни од Битола и Битолско, објавени од МИА, матична куќа на Танушевски. -Во […]

АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го осудува обидот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за, како што велат, „оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби“ и порачува дека не издаваат никакви HACCP дозволи, туку […]

Заврши првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој


– Во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, кој ги обедини општините од земјава и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив […]

Сончево со температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.  Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]

Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста


Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Годинешниот настан беше најавен како протест, а не прослава, поради, како што беше истакнато од организаторите, зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Маршот започна […]

Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани: Болката веќе не е тивка…


Семејствата на загинатите во трагичниот пожар што го зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска точно во 18 часот и 5 минути го започнаа десеттиот „Марш за ангелите“. Маршот и годинава се реализираше по традиционалната рута – од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, пред зградата на Општината, кон полициската станица и Основниот суд и обвинителството […]

Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за […]

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај


Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт. По тој повод, како што посочуваат, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. […]

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво


„Тиквешка Ракијада 2025“ се реализира денеска во Кавадарци, доделени беа награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво.  Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кавадарци.   Инаку, ракија од домати и глуварче имаше меѓу мострите за дегустација и оценување во рамки на  „Тиквешка ракијада“, меѓународна манифестација што по трет […]

Јаневска од Истанбул: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор


Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на […]

МОН за уписите во средно образование


Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година. Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, […]