Втор јавен состанок на АВМУ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе одржи јавен состанок на директорот Зоран Трајчевски ќе ги презентира спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АВМУ.  Ова е втор јавен состанок на АВМУ за годинава, а ќе биде презентирано и истражување на тема „Жени и мажи пред камерите: Родова (не)рамноправност на националните ТВ […]

Сончево и топло до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната […]

МНР апелира да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите […]

Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово


Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. „Индустриска“ во Куманово, јавува Kumanovonews. Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен. Местото го обезбедуваат и полициски службеници од […]

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“


Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето „Гостивар“ во Гостивар (медицинска сестра на албански наставен јазик), денеска полагаа квалификациско тестирање. Оваа селекција се прави бидејќи за конкретните образовни профили се пријавиле […]

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби


 Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.  Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. -Престојот на […]

ИЈЗ со препораки за претстојниот топлотен бран


Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни 2025 година, Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. Покрај другите, за ранливи категории на […]

Арсовска повторно од Чаир: Небезбедно! Зграда од 12 ката со 50 стана


Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и МНОГУ ЗАКАНИ!, сподели актуелната градоначалничка Данела Арсовска. ,,Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и […]

ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна


На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови. Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на […]

Полуматуранти од Гостивар го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во медицинското училиште


Дваесет и три завршени основци го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во средното медицинско училиште и не полагаа. Нивните родители се револтирани, бидејќи како што кажаа, нивните деца ги исполниле условите и со максимален резултат од 75 бодови, а не беа примени во јунскиот рок за насоката медицински сестри во Средното медицинско училиште во Гостивар. […]

Ќе се евакуира уште едно семејство од Израел, граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од […]

Словенечки стручњак протетичар ќе им помага на повредените во Кочани


Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Шпела е во работна посета на земјава за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија […]

Перишиќ: Ужасно срамно е да ни донираат противпожарни возила и опрема


Недоволно пожарникари, никаов систем за тренинг и евалуација на новите и старите пожарникари, непостоење на тренинг центар, нестандардизирана опрема и возила, најчесто прибавена од донации, Агенцијата за шумарство воопшто нема пожарникари, непостоење на подзаконски акти со кои се гарантира безбедноста од поставување фотоволтаични системи се дел од проблемите со кои се соочува Македонија при заштитата […]

Топол воздушен бран и температура до 40 степени в четврток и петок


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална […]

Малку храброст, голема промена – пријави корупција!


Корупцијата во македонското општество не е далечна, ниту пак апстрактна. Таа е тука, пред нас – на административните шалтери, во болниците, училишните клупи…Ја среќаваме во секојдневни ситуации кога некој ќе шепне: „Може да се среди, ама знаеш како“, „Ако сакаш побрзо, има начин“, „Ќе завршиме преку ред, ама, јасно ти е како, нели?“. И, тогаш, што правиме? Молчиме, го прифаќаме непристојниот предлог или конечно […]

Општина Ѓорче Петров ќе добие нов зелен парк во Волково преку европскиот проект UrbanGreenLeap


Општина Ѓорче Петров е еден од партнерите во меѓународниот проект UrbanGreenLeap, поддржан од програмата Interreg Euro-MED, кој има за цел унапредување на зелената инфраструктура и зголемување на урбаната отпорност на климатски промени во мали и средни медитерански градови. Во рамки на проектот, предвидена е изградба на нов, модерен и мултифункционален зелен парк во населбата Волково, […]

Секоја вечер Ново Лисиче смрди на горена гума – надлежните спијат


Последните неколку вечери, населбата Ново Лисиче, во скопски Аеродром смрди на изгорена гума и пластика. Ноќе е, па не се гледа чад, но жителите се принудени да ги затворат прозорците. Реакциите на граѓаните се сѐ погласни, но отсуствува одговор од надлежните. – Само што се јавив на 112, ми рекоа да се обратиме на општината. […]

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната


Три лица на возраст од 50, 65 и 78 години, годинава заболеле од листериоза, а највозрасното од нив починало, потврдуваат за Мета од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова заболување е сериозна инфекција која најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата Listeria monocytogenes. Проф. д-р Драган Кочински, епидемиолог во ИЈЗ, вели дека најголем […]

Без вода дел од Општина Бутел


Без вода денеска од 8:10 часот се дел од корисниците од улиците „Боро Кралевски“ и „АФЖ“ во општина Бутел. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Боро Кралевски“ без број. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

Функционални лифтови во СД „Гоце Делчев“ и топла вода во „Пелагонија“ бараат студентите


Студентските домови во Скопје, „Гоце Делчев“ и „Пелагодина“ со години се соочуваат со проблеми, а студентите навремено реагираат за основните два проблема, односно функционални лифтови во едниот и топла вода во другиот.  Имено, затоа што „Гоце Делчев“ е дом со четири високи кули, незамисливо е студентите да се качуваат по скали до горните катови постојано, […]