Сончево и многу топло, до 39 степени


Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти […]

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии


Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваат серии и серијали (45%), по што следуваат информативните емисии со 24% и играните филмови со 22%, а најмалку застапени се документарните програми со 5% како и хумористичните и музичките програми со по 2%, покажаа резултатите од анализата „Родот во медиумите 2024: Родовите прашања и начинот на претставување […]

Утврдено кој загадува во Аеродром и Гази Баба – градоначалникот изненаден што е човечки фактор!


Неколку дена социјалните мрежи се полни поплаки од граѓаните на делови од Аеродром и Гази Баба, а за смрдеата се пријавуваше во општините, ЦУК, полиција и други надлежни институции. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево соопшти дека откриена е точната локација која е извор на загадувањето во Гази Баба и Аеродром, а не […]

Владата со мерки против топлотниот бран – климатизиран јавен превоз во жешките денови


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат […]

Мобилни екипи ќе дистрибуираат вода, флаери и ќе мерат притисок


Црвениот крст на Град Скопје подготви акциски план, кој опфаќа теренски активности во насока на справување со топлотните бранови. Согласно со искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе се дистрибуираат вода, флаери со совети, ќе им се мери притисок на граѓаните што ќе се пожалат на […]

Ефектите во образованието, власта по една година, ги очекува до крајот на мандатот


Резултатите од работата на Владата која вчера наполни една година, видливи се и сега, смета министерката за образование Весна Јаневска, но целосна ефективност ќе видиме на среден рок, или до крајот на мандатот на актуелната Влада. – Пред една година функционалноста на системот не беше на минимално, туку на незадоволително ниво. Затоа, најпрво го обединивме […]

На институциите поставени 100 пораки за стоте дена од Кочани


Денеска, на 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ постави 100 пораки на незадоволство – „по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош“. „Акцијата беше гласен и видлив потсетник […]

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно собирање на средствата


Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите.  Тој напомена дека централната власт работи на процесот […]

Нова градинка во Тафталиџе – по сите безбедносни стандарди, за 90 дена


Денеска, започнаа градежните работи, со кои ќе се урива стариот објект и ќе се изгради нов модерен објект на градинката „Мајски Цвет“, во населбата Тафталиџе 1. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека по повеќе од шеесет години, стариот објект, кој бил од дрвена конструкција, ќе се замени со нов еколошки, енергетски ефикасен, асеизмички […]

Роџер Санчез на 70-годишнината на Кисела Вода


 „Културно лето” нуди забава за сите генерации, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по повод 70. роденден на Општината и манифестацијата што годинава го носи името „Сѐ на свое место”. Тој рече дека Општината изминатите четири години посветила внимание на културата, а годинашново „Културно лето” нуди забава за сите генерации. […]

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривичната пријава против еден новинар и една телевизиска куќа, кои беа пријавени за кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ од член 151 од Кривичниот законик. Како што информира денеска Јавното обвинителство, подносителката на пријавата за време на пријавениот настан извршувала работни задачи на […]

Еден час пауза во Собранието на барање на Левица


Во Собранието, пред утврдување на дневниот ред на 55. седница, беше објавена едночасовна пауза, на барање на пратеникот од Левица Димитар Апасиев. Како и во претходните денови пред почетокот на пленарните седници од Левица бараат едночасовна пауза бидејќи, како што рече Апасиев, генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована […]

Таткото на Васил Јованов не се појави на суд – Обвинителството го преквалификува делото


Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни. Судот се обратил и до […]

Изменет сообраќаен режим на два пата во општина Илинден, ќе се вршат градежни активности


Од Општина Илинден преку својот фејсбук профил известуваат за изведување на градежни работи за реконструкција на локален пат Бујковци – Мршевци и за за изменет сообраќаен режим на локалниот пат Кадино – Мралино, при што ги замолуваат граѓаните да бидат претпазливи во сообраќајот. „Ве известуваме дека Општина Илинден отпочна со градежните активности за целосна реконструкција на коловозот […]

Стефковски, доцна синоќа, на терен со инспектори и полицајци, ги бараа „загадувачите“


Заедно со инспектори и полиција, синоќа, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ги бараше загадувачите, затоа што повторно се ширеше остар мирис низ неколку маала.  „Сѐ уште сум на терен заедно со мешани тимови од Секторот за инспекција на Општина Гази Баба и полициски службеници. Вршиме контроли на критичните локации кои беа идентификувани како […]

Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид


Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во сабота на „Центарска симфонија“, концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов. Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари). […]

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место. Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело „предизвикување општа […]

Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела


Зголемен бил обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажува Годишниот извештај за работата на обвинителствата што денеска го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени биле пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични […]

Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго


Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. •             Во […]

ДЗР: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања


Oпштина Центар искажува 4.482.480 евра побарувања, за кои не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, а утврдените неправилности при доделувањето на договорите за јавни набавки влијаат на доследно почитување на основните начела при ДДЈН утврдени во Законот за јавни набавки, констатира Државниот завод за ревизија.  ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно […]