Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа


еверна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за овој успех, кој има големо значење со оглед дека станува збор за прв извоз на нашите хаубици во Европа“, се вели во официјалното соопштение […]

МЗ: Комисијата не најде лекарска грешка во Болницата во Кавадарци во врска со починатото дете 


  По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, комисија констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени. Вака одговараат од Министерството за здравство (МЗ), на прашање од МИА, за наодите во извештајот во врска со починатото тригодишно дете, на Комисијата за стручен надзор формирана од МЗ. Комисијата извршила надзор во болницата во Кавадарци, […]

Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака


Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа. Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како […]

Доаѓа многу топол бран од Африка, следната седмица температури до 40 степени!


Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон Mакедонија , од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопскиот регион, во текот на следната […]

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ


Владата на седница го одобри назначувањето на Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објавија медиумите на албански јазик пред неколку денови. Оваа одлука е дел од напорите за понатамошно зајакнување на управувачките структури на агенцијата и за гарантирање на континуитетот на стабилноста и професионализмот во областа на националната безбедност. Бесник […]

Најмногу дожд наврна во Охрид


Најмногу дожд, 16 литри на квадратен метар, во изминатите 24 часа наврна во Охрид, по што следат Попова Шапка со девет и Тетово со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму најавуваат дека денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а […]

Пониска плата за 30 отсто ќе зема јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство


Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, против кого се водеше една постапка, нестручно и несовесно постапил во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. За ова на овој јавен обвинител изречена му е дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30% од платата во траење од 6 месеци од […]

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, […]

На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Сончево и малку посвежо со локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 21 јуни 2025 година, 172-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 193 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и ќе бара негово разрешување


 Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и одлучи дека вишиот јавен обвинител и уште еден јавен обвинител од Вишото […]

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје


Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ. Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица. Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека поради […]

Пензионери од Општина Гази Баба ја добија најавената финансиска поддршка од 2.500 денари


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска 510 пензионери со ниски примања ја добиле најавената финансиска поддршка, за која истакна дека значи повеќе сигурност и достоинство за највозрасни сограѓани. „Денес 510 пензионери со ниски пензии од Општина Гази Баба добија на своите сметки по 2.500 денари директна помош – средства што за многумина […]

Нов спортски комплекс во Кратово – секој град заслужува квалитетни спортски услови


Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар. Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт […]

Апелација определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија


Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите […]

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна


 Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече […]

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода


Сообраќајот на регионалниот пат Маврово – село Галичник е целосно во прекин поради сообраќајна незгода. -Околу 12:10 часот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник кај кривината, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е целосно во прекин, соопшти АМСМ. 

Компресивна облека носат 58 пациенти од Кочани, порачани се и креми


Педесет и осум лица кои беа повредени во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“ веќе носат компресивна облека и имаат видиливи позитивни промени на лузните, рече д-р Катерина Папиќ-Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани. Во пожарот загинаа 62 лица, околу 200 беа повредени, а уште 10 се на болничко лекување, по петмина […]

Јанчев: Над 800 лица се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“


Над 800 лица од повеќе субјекти надлежни во различни сегменти, активно се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Совет на Општина Кавадарци. Тој појасни дека за таа безбедност да биде на највисоко можно ниво, редовно се изработува елаборат со вклученост на повеќе страни од стручен аспект.  […]