Манев: Во Народна банка работи лицето што го уништи ранецот со пиштолот и моторолите


  Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани. – Ова е […]

Таткото на Вања го праша Палевски зошто му е убиена ќерката


На денешното рочиште за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пред судот се обрати и таткото на Вања, обвинетиот за помагање при нејзиното грабнување, Александар Ѓорчевски. Тој истакна дека и по месеците судење, чувствува дека вистината сè уште не е откриена до крај, пренесе Скопје1. „Од почетокот на самото судење имаше […]

Обвинителство бара ефективен притвор за Васев од Онкологија, а тој – да се брани од слобода


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.  Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека […]

Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда; Манев: Испаднав будала


Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче. Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и го потикнувал грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон […]

Стопирана незаконска градба на објект во Старата охридска чаршија


Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.    При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно […]

Денеска пресуда за Мерко за назначување директори во училишта во три струшки села


 Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска ќе ја чуе пресудата по предметот што против него се водеше пред Основниот суд во Струга, во кој тој беше обвинет за „несовесно работење во службата“ и нерегуларности при назначување вршители на должноста директори на основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го […]

Без струја делови од Аеродром и Карпош


Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците во околината на објектот „Еквилибриум“ на улица „Руди Чајевац“ во Општина Аеродром. Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од  корисниците од улица „Ванчо Мицков“, а од 10:30 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Кнез Трпимир“ и […]

Амбасадорот на ЕУ Рохас во посета на Крива Паланка


Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе ја посети општина Крива Паланка како дел од иницијативата за информирање на јавноста која има за цел да ја доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните граѓани. Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски, како и […]

Нестабилно со дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 20  јуни 2025 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја


Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври.  МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со […]

Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење


Огласот за набавка на автобуси за јавен превоз на патници и станици за полнење, објавен е пред два дена, а понудувачите имаат еден месец да се пријават. Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски […]

Николоски: Се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории граѓани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.  Со ова, како што изјави Николовски за телевизија Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот […]

Издвоени се околу 800 милиони денари од Буџетот за плати во јавен сектор од кои 600 милиони се за МВР, вели Димитриеска Кочоска


Постои зголемување на сумата во Буџетот за плати во јавен сектор, најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи кое што имаше покачување на платите за 10 проценти. Во суштина, МВР брои најголем број од администрацијата со околу 15 илјади вработени лица, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. На денешната прес-конференција […]

Во Скопје двојно повеќе нотари – се бара зголемување на тарифата


Нотарската професија, како и секоја друга, се соочува со големи предизвици за што се потребни реформи и соодветно вреднување на трудот на нотарите, а пред сѐ зголемување на дел од тарифите. Ова беше соопштено на денешната средба со новинарите, каде што претседателот на Нотарската комора на РСМ (НКРСМ), Методија Ристоски ја образложи фактичката состојба во […]

„Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку […]

Се степаа во Советот на Кочани


  Како трагедијата во дискотеката „Пулс“ да не беше доволна денеска во Советот на Општина Кочани дојде до нов инцидент во една тензична атмосфера. Еден од советниците, како што јави Ради Кочани, погодил со шише вработена во Општината. Градоначалникот Венко Крстевски ја смируваше ситуацијата, но очигледно во посттрауматскиот стрес страстите зовриваат во Кочани. За настанот […]

Подгответе се за невреме утре со силен дожд и услови за град


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.   Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.   Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе […]

Во М-НАВ со штрајк се заканувале „оние кои правеа упад и кои тепаа“, вели Мицкоски


 Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ. […]

Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција


Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е […]