СДСМ: На „Фејсбук“ креиран лажен профил на Филипче со несоодветни содржини


Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да не наседнуваат на објавите. Од СДСМ потенцираат дека се злоупотребени името, податоците и фотографиите на Филипче. – Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено …

СДСМ: На „Фејсбук“ креиран лажен профил на Филипче со несоодветни содржини Read More »

Владата ги повикува УПОЗ на разговор


Владата ги повикува на разговор претставниците на синдикалната организација УПОЗ, доколку, како што велат од таму, вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно ќе сметаат дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, а Владата е отворена за постигнување на договор со сите …

Владата ги повикува УПОЗ на разговор Read More »

Владата залудно се обидува да нѐ поврзе со политиката, велат од УПОЗ


  Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи денеска на протестот пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Тој на ваков начин ги отфрли тврдењата на Владата дека протестот бил незаконски и политички мотивиран. …

Владата залудно се обидува да нѐ поврзе со политиката, велат од УПОЗ Read More »

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија


На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство. Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. – Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата …

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија Read More »

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување


Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежнa парцела, во сите три населени места во општината. Вкупната површина на земјиштето што е предмет на продажба изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели Општината очекува да оствари …

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување Read More »

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви


Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните …

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви Read More »

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница


По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е …

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница Read More »

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид


Црвениот крст Охрид ги најави активностите за одбележување на Водици и Денот на рибарите. -На 18.01.2025 (сабота) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме …

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид Read More »

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


 Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10 степени и има најмногу снег, 60 сантиметри.  Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 53 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, …

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка Read More »

Охрид е магичен и под снег (фото)


Охрид секогаш е најубав, ама со снег е посебна убајни, ќе кажат гордите Охриѓани за македонскиот туристички бисер кој во екот на летната сезона може да ве разочара кога ќе се претвори во бижутерија.  Охрид како и Скопје и цела Македонија неделава се разбуди со првиот снег оваа зима. Потешко е да се стигне до Охрид со …

Охрид е магичен и под снег (фото) Read More »

Сообраќајот по снежни коловози од Скопје до Охрид (фото)


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ. Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, …

Сообраќајот по снежни коловози од Скопје до Охрид (фото) Read More »

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош


Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска ќе има два прекини во водоводната мрежа во Општина Карпош.  Поради промена на вентил од ф 2 на ул. „Никола Парапунов“ бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. Поради дефект на приклучна цевка …

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош Read More »

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени. Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со …

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег Read More »

Се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар-Кичево преку Стража


ЈП Македонијапат соопшти дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува од 20 часот. Со тоа сообраќајот ќе продолжи да се одвива во нормални околности. 

Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци


Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, Пресека и Буково, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ соопштуваат дека активни забрани за тешки товарни возила има на неколку патни правци – Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка. Од …

Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци Read More »

Прв голем штрајк за новата влада, протестира администрацијата, платите се прениски


  По седум месеци владеење новата влада денеска се соочи со првиот посериозен протест – лимитираниот штрајк на вработените во неколку министерства, Заводот за статистика и Архивот. Незадоволните административци бараат потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за …

Прв голем штрајк за новата влада, протестира администрацијата, платите се прениски Read More »

Митева: Штрајкот на УПОЗ е незаконит и политички мотивиран


Најавениот штрајк на вработените во повеќе министерства и институции, што почна денеска, а во петок ќе се штрајкува и пред Министерството за финансии, со кој се бара 30 отсто зголемување на нивната плата, за Владата е незаконит и политички мотивиран.  Ги повикуваат претставниците, преку своите членови во Економскиот совет, да ги изнесат своите барања, а …

Митева: Штрајкот на УПОЗ е незаконит и политички мотивиран Read More »

До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури


Утре и во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот …

До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури Read More »