Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор


Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти, изјави министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот […]

Армијата се вклучи во гасење на пожарите, одлучи Сиљановска


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, информираат од нејзиниот Кабинет.  Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата. Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. -Претседателката е во тек со […]

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково


На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на […]

Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија


 Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а […]

Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје


На подрачјето на Град Скопје активни се пет пожари, информира Центарот за управување со кризи.  ЦУК денеска во 17 часот информира дека се уште е активен и пожарот на депонијата во Визбегово, во Општина Шуто Оризари, а гори и ниска вегетација кај Црквата „Св. Никита“ во Општина Чучер Сандево. Активен е и пожарот кај Станковец, […]

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила


Министерството за внатрешни работи соопшти дека скопската обиколница целосно е пуштена за сообраќај. Од 17:20 часот пуштен е сообраќајот и кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила.

Обвинителството ги истражува причините за пожарот во Визбегово


Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово.  – Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, информираат од Обвинителство.  […]

Затворена скопската обиколница поради пожарите, во прекин и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце


Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира АМСМ. МВР претходно соопшти дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација […]

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран


Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по […]

Кризен штаб во Владата поради пожарите


Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот. Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена […]

Голем пожар во Ѓорче Петров – на изгорено мириса до Центар


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот/влезот во Скопје се прекриени со густ чад. Ветрот носи големи парчиња пепел откако пожар избувна кај гробиштата во населбата. За сега нема информации што го има предизвикано пожарот, ниту колкава е материјалната штета. Оган гори околу гробиштата и тамошната индустриска зона, а густ чад […]

Министерството за спорт ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“ од Општина Карпош – Стевче не ја дава


  Министерството за спорт доставило документ до Општина Карпош дека ѝ се одзема салата „Партизан“ во населбата Карпош 4 и дека тоа ќе управува со неа. Ваквата одлука била донесена на владина седница на 17 јуни во која, како што вели градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, нема никакво објаснување зошто се одзема салата. „Без […]

Поради пожарот затворен е граничниот премин Блаце, сообраќајот е во прекин


  Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. „Апелираме до граѓаните да […]

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена


Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што не заврши фатално, се случила на крајот на мај, а Центарот за јавно здравје дознал од анонимна дојава по шест дена што оневозможило да се пронајде изворот на масовното труење. Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во […]

Три пожари во Крива Паланка се закануваат на Лозаново – градоначалникот со апел сите да помогнат


Во населбата Лозаново и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните. – Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен […]

Екипата на Алсат физички нападната во Визбегово, ЗНМ бара брза истрага


  Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата Алсат, која известуваше за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово. Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го […]

Зголемена потрошувачката на вода за пиење во вечерните часови во Штип


Високите дневни температури деновиве ја  зголемија потрошувачка на вода во Штип, покажуваат анализите на Филтер станицата во Штип. Раководителката на Филтер станица при ЈП „Исар“-Штип, Тања Глигорова вели дека најголема потрошувачка има во вечерните часови кога се наводнуваат и бавчите. Филтер станицата, како што додава, располага со доволно вода за да се покријат потребите на […]

Апасиев го наведува мостот кај Башино Село како „вмровска патологија“


  Мостот преку Вардар кај велешкото Башино Село беше затворен за употреба на 3 јануари 2025 поради тоа што беше ризичен за одвивање сообраќај. Тогаш, властите рекоа дека санацијата ќе трае од 60 до 90 дена. Мостот, и тоа по санацијата само на неговиот долен дел беше пуштен во сообраќај. Асфалтирањето на коловозот ќе биде […]

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)


Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.  – До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на […]