Дел од Општина Аеродром без струја


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ – подулици број 3, 4, 5 и 7 во Општина Аеродром. Прекинот, како што соопшти РЦУК – Скопје, е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. 

Предлозите на трговците на седница на Влада, ќе се разгледуваат и дополнителни мерки


 Предлозите на трговците денеска треба да бидат разгледани на седница на Влада, а како што е најавено, ќе се разгледуваат и дополнителни можности, по што Владата ќе заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на одредени производи.  Согласно договореното, до Министерството за економија и труд се пристигнати …

Предлозите на трговците на седница на Влада, ќе се разгледуваат и дополнителни мерки Read More »

Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје променливо …

Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури Read More »

Седница на Советот на јавните обвинители


 Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 18. седница. На дневен ред на седницата, се Донесување одлука за избор на основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Прилеп и донесување одлука за избор на основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. 

Службен весник одбележува 80 години постоење


 Во Скопје денеска ќе биде одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. На одбележувањето на јубилејот, како што е најавено, обраќање ќе има и заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски.

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Буково, информираат од …

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози Read More »

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи


Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење …

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи Read More »

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата


Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта. „Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на …

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата Read More »

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална …

За 1.000 денари поевтини сметки за струја за две категории семејства Read More »

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада


 Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители. -На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како …

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада Read More »

Меџити разрешил професор и специјалист по неврологија од раководител и го постави на оддел каде никогаш не работел


Професор доктор Иван Барбов долгогодишен невролог специјалист, денеска е разрешен од раководител на одделението за невромускулни заболувања на државната Клиника за неврологија и поставен за обичен невролог на оддел за паркинсонова болест од страна на директорот и поранешен министер за здравство Фатмир Меџити, пишува Слободен печат. Доктор Барбов одбил да го прими решението за прераспределување после …

Меџити разрешил професор и специјалист по неврологија од раководител и го постави на оддел каде никогаш не работел Read More »

Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје променливо …

Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури Read More »

Левица поднесе кривична пријава против директорот на „Македонија пат“ што уби мечка, а уште седи на функцијата


  Левица поднесе кривична пријава против заменик-директорот на „Македонија pат”, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст.(4) од Кривичниот законик.   „Пријавениот во декември 2024 год., додека бил на лов, иако како ловец знаел или требало да знае дека согласно Законот за дивечот и ловството трајно е забранет ловот …

Левица поднесе кривична пријава против директорот на „Македонија пат“ што уби мечка, а уште седи на функцијата Read More »

За Галетановски „приказни за мали деца“ се тврдењата дека овците се отруле од Свето дрво


 Ѓорги Галетановски, поранешен директор на Зоолошката градина во Скопре, која во време на неговиот мандат бележеше значителна модернизација и подобрување на животните услови на станарите на градината е затекнат од веста дека берберските овци се отруле од Свето дрво. Тој бара да се запре со шпекулации се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не си …

За Галетановски „приказни за мали деца“ се тврдењата дека овците се отруле од Свето дрво Read More »

Битолското обвинителство влезе во домот на Сашо Дранго


  БИТОЛА – Битолското обвинителство направило претрес во домот на Сашо Дранго, заменик- директорот на „Македонијапат“, по истрагата за фотографијата со отепаната мечка. Оваа недела Дранго ќе биде повикан на распит во обвинителството да ја каже намерата за објавата на фотографија со оружје в рака и со мртвата мечка. Што е најдено при претресот кај …

Битолското обвинителство влезе во домот на Сашо Дранго Read More »

ЛДП бара одговорност за умрените животни во Зоолошката градина


По последното, којзнае кое по ред угинување на животни во зоолошката градина во Скопје, Градската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП) бара одговорност и како директни виновници ги посочува раководството на Зоолошката градина во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. „Во вторникот на 11-ти февруари, при утринска контрола во Зоолошката градина затекнати се угинати животни, берберски овци, …

ЛДП бара одговорност за умрените животни во Зоолошката градина Read More »

Зелен хуман град: Сиљановска да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанизам


Зелен хуман град бара претседателката Гордана Сиљановска да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. -Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на граѓаните. Уништувањето на плодно …

Зелен хуман град: Сиљановска да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанизам Read More »

Шуга се појави во основно училиште во кумановското село Романовце


Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето. Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во …

Шуга се појави во основно училиште во кумановското село Романовце Read More »

Ѓорѓиевски: И советниците да можат да бидат отповикани како градоначалникот


Локалната власт мора да биде ефикасна, отчетна и вистински одговорна пред оние кои им го дале мандатот и довербата, порача претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. На четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа што се одржува денеска во Скопје, Ѓорѓиевски заедно со министерот за …

Ѓорѓиевски: И советниците да можат да бидат отповикани како градоначалникот Read More »

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење


Полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изминатиот викенд издале вкупно 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 1.314 платни налози. Како што соопшти денеска МВР, според статистичките показатели прекршоците по …

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење Read More »