МОН и Бреинстер ќе соработуваат за воведување на вештачка интелигенција во средното образование


По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. На конференција на која […]

ВМРО-ДПМНЕ: Информациите дека Мицкоски, наводно, барал бугарски пасош се бугарска пропаганда


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека тој во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, па се откажал, оценувајќи ги како бугарска пропаганда против Македонија. „Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. […]

МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника


Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на […]

Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува […]

Вработените од „Флораком“ бараат исплата на платата за јуни, во спротивно најавија нов протест


Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат […]

Министерката Јаневска ќе потпише меморандум за соработка со Бреинстер ЦБЦ и Бреинстер Некст (во живо)


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинстер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски, ќе потпишат меморандум за соработка со фокус на воведување вештачката интелигенција во средното образование. 

Британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика […]

Бутел ќе добие поликлиника, Дом на култура, базен со унгарските пари


Нови девет милиони евра за нови капитални инвестиции во скопски Бутел. Општината ќе добие нова поликлиника, нов Дом на култура, нов мега плоштад, нов базен – предвидени се 39 нови капитални проекти, а ќе бидат вложени над 9 милиони евра – средства кои се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија. – Наскоро ќе […]

Сончево и посвежо, од сабота пораст на температурите


Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 18 јули 2025 година, 199-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 166 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути. Денов трае 14 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее, […]

Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, кој поради пожар беше затворен за сообраќај


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека  е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, кој поради пожар кој настана попладнево беше затворен за сообраќај. Претходно АМСМ, информираше дека сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот […]

Владата пред избори подготвува повторно линеарно зголемување на пензиите. Еве за колку


Владата е „многу блиску“ до донесување одлука за линеарно зголемување на пензиите во октомври годинава и во април идната година за по илјада денари. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија при штпо рече дека тоа би се реализирало или преку закон по скратена постапка од страна на […]

Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци


Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. – Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно […]

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.   Возилата се пренасочуваат кон Петровец.   Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за […]

Колку се исплатеше инвестирањето во злато во последните 25 години


Во текот на изминатите 25 години, златото беше релативно стабилна класа на средства за инвеститорите кои бараат диверзификација, заштита од инфлација или безбедно засолниште во неизвесни времиња. Од 2000 до 2025 година, овој скапоцен метал испорача неверојатни 1.075% принос за трпеливите инвеститори. Оваа инфографика ги прикажува годишните приноси на златото од 2000 до 2025 година […]

ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрачјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикани се пожари


Центарот за управување со кризи инфомира дека поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, […]

Истражување: Ректорите меѓу најплатените во јавниот сектор со месечни нето-плати од 3 до 4 илјади евра


Ректорите на јавните универзитети во Северна Македонија се меѓу најплатените функционери во јавниот сектор, со месечни нето-плати кои достигнуваат и до 4.000 евра, покажа денеска истражувањето на Форумот за образовни промени. Според анализата „Платите и додатоците на јавните универзитети во Северна Македонија: Како се регулираат?“, најголем дел од овие примања доаѓаат преку функционалните додатоци, кои се исплатуваат […]

Се олеснува процесот на регистрирање на возилата, во Собранието изгласани измените на Законот за возила


Пратениците денеска на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда […]

Инженерот Димовски објасни зошто Скопје нема вода пред советниците во Град Скопје! Послушајте го!


Полнењето базени, полевањето и нерационалното трошење вода се причина што делови од Скопје деновиве намаат вода или имаат намален притосок. Поради ова, денеска и во Советот на Град Скопје се расправаше, а од „Водовод и канализација“ дојдоа двајца експерти, инженери кои објаснија каде е проблемот, но понудија и решенија.  Зоран Стојанов – оперативниот директор на […]

Хемичарката Светлана Мојсов е добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025


Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, е добитничка на Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани. На Мојсов, родена во Скопје 1947 година, наградата ѝ се доделува за нејзиниот придонес […]