За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите


Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните […]

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27


 Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен […]

Недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија, според МЗ во тек се вработувања на 240, ќе има и двојно повеќе


Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските […]

Сончево и топло, со температури до 37 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. […]

Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати


Активни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 25 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод […]

Основците ќе ги добијат учебниците по сите странски јазици по 1 септември


Основците по 1 септември ќе ги добијат учебниците по сите странски јазици кои им се потребни за наставата, најави вчера министерката за образование, Весна Јаневска. На вчерашната конференција за печат посветена на воведување на вештачката интелигенција во средното образование, таа рече дека долгогодишниот проблем на недостигот на овие учебници ќе биде решен. – Учебници по […]

Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите, еве кој е лидерот во Европа


Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.  Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, […]

Без вода улиците „Караџица“, „Кара Трифун“, „Пандо Кљашев“ и „Пеју Јаворови“


 Поради дефект на водоводна цевка „Ф 2“ на улица „Караџица“ 7, попладне од 17.40 часот без вода се корисниците од улиците „Караџица“, „Кара Трифун“, „Пандо Кљашев“ и  „Пеју Јаворови“ во општина Кисела Вода.  ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Клиниката Козле доби вода


Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти, стои во соопштението на МЗ испратено попладнево до медиумите. […]

ОМД со донација за кавадаречката болница


  Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска дијаспора, истакна денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, кој беше во работна посета на болницата. Донацијата, која е во вредност од околу 450 илјади долари и ќе се користи во сите медицински одделенија во […]

Онколози од Скопје почнаа со прегледи во Битола


  БИТОЛА – Познатиот специјалист онколог проф. д-р Симонида Црвенкова, денеска прегледуваше онколошко болни пациенти во Битола. Таа е само една од лекарите специјалисти кои неделно ќе доаѓаат во Клиничката болница Битола по неодамна потпишаната соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Целта е скопските лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да […]

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле е во сопственост на болницата


П „Водовод и канализација“-Скопје во врска со прекинот на водоснабдувањето на Детската болница Козле попладнево информираат дека при нивниот извршен увид констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност. Посочија дека станува збор за дефект кој е во сопственост на болницата. -ЈП „Водовод и канализација“-Скопје ја информира јавноста дека наши екипи извршија комплетен […]

Општинa Ѓорче Петров: Нови услови и спортска сала за учениците во Хром


Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, каде се реализира значајна инвестиција од 1.500.000 денари за унапредување на образовната инфраструктура. „Во рамките на проектот се изведуваат работи на нов влез со пристапна рампа, скали и патека, адаптација на простор […]

Армијата зајакната со шест хаубици


Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски, на денешната промоција на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 мм, „Боран“ и друга придружна опрема […]

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“


Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.  Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, […]

Обвинителен предлог за нападот врз градоначалничката на Скопје, продолжен притворот за осомничениот


Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против лицето С.Љ. за кривично дело насилство, во врска со настанот што се случи на 11 јули 2025 година, при што беше нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека заедно со обвинителниот предлог е поднесен и предлог за продолжување на мерката […]

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“


Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја […]

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира


Топлотниот бран со високи температури во Скопје доведе до зголемена потрошувачка на водата за пиење. Од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација повеќепати предупредија дека има енормна и неконтролирана потрошувачка и апелираат граѓаните разумно да ја користат водата за пиење – да не се користи за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење […]

Се реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, ќе добие и 15 противпожарни хидранти


Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром. Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови […]

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови


Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.   По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од […]