Телефонски пријави смет и дива депонија, Центар ќе се погрижи за хигиената


Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.  „Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. На овие телефонски броеви граѓаните можат да …

Телефонски пријави смет и дива депонија, Центар ќе се погрижи за хигиената Read More »

Жолт аларм: Интензивен дожд и грмежи на западот од Македонија


Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто предупредување за дожд во повеќе региони на Македонија. „Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Во западните делови ќе има услови за појава на грмежи“, соопшти УХМР. И утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во …

Жолт аларм: Интензивен дожд и грмежи на западот од Македонија Read More »

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на онкологија


Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат денеска. Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорот на УКРО, Игор Стојковски. – Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот …

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на онкологија Read More »

Познат хирург од Битола уапсен како зема поткуп од пациент


  БИТОЛА – Полицијата уапси познат хирург од Битола поради тоа што примил поткуп од пациент. „На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по …

Познат хирург од Битола уапсен како зема поткуп од пациент Read More »

Мицкоски: Има патриоти ИТ експерти кои ќе работат на сајбер безбедност


Македонија кубури со експерти по информациски технологии, кои се потребни за сајбер безбедноста да се подигне на повисоко ниво и тоа во речиси сите владини и други институции, но премиерот Христијан Mицкоски е убеден дека има патриоти кои би работеле за пониска плата од таа што би ја земале во приватниот сектор.    – Апсолутно …

Мицкоски: Има патриоти ИТ експерти кои ќе работат на сајбер безбедност Read More »

Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека утрово, Општина Центар заедно со директорот Душко Коцевски и вработените на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ ги исчистија јавните површини во населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје. „Вчера, веднаш се мобилизиравме и еве утрово спроведуваме голема акција за чистење на нашата општина. Ја исчистивме населбата …

Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје Read More »

Без вода корисниците на неколку улици во Општина Гази Баба поради уличен дефект


Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје соопштија дека денеска поради уличен дефект на ул. „Париска Комуна“ 29 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од улиците „Жан Жорез“, „Беровска“ и „Пехчевска“. Прекинот со водоснабдување ќе почне од 10.20 часот до завршување на работните обврски.

Струмичани в сабота на протест заради загадениот воздух што го дишат


Граѓаните на Струмица, во сабота на 1 февруари, ќе протестираат заради отровниот воздух што го дишат. Жителите на градот, кој зимава имаше на двапати надминување на прагот на алармирање заради лошиот квалитет на воздухот, ќе маршираат низ струмичките улици како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со загадувањето, заради кое Струмица високо …

Струмичани в сабота на протест заради загадениот воздух што го дишат Read More »

Село Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје


Од 09:30 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од село Драчево поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата „Речиште“ бб, информира РЦУК – Скопје. Прекинот ќе трае до завршување на зафатот. Според РЦУК – Скопје, во текот на денот ќе има и прекини на струја. Од 09:00 до 15:00 часот електрична енергија …

Село Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје Read More »

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до …

Променливо облачно со повремен локален дожд Read More »

Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре


Намалена е видливоста поради магла од 100 – 150 метри на патните правци околу градот Битола и од 20 – 30 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка до село Гајре, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури …

Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре Read More »

По пет години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка


По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, новото раководство на Министерството за образование и наука и на Педагошката служба ја започнаа постапката за набавка, со цел истите да бидат обезбедени за следната учебна 2025-2026 година, велат од МОН. На јавниот повик  кој е изработен согласно одредбите од новиот Закон за учебници …

По пет години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка Read More »

Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование


 Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи”  се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“. …

Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование Read More »

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. – За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо …

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта Read More »

На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак на грло на матка, информираше денеска директорот Игор Стојковски на прес-конференција, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката. Според Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, опфатот со ХПВ вакцинација во последните …

На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години Read More »

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано


  Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка. „Прво, не може да …

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано Read More »

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија


Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, рече дека повеќето од пациентите што се третираат ја примаат потребаната терапија. „Повеќето ја примаат терапијата и се третирани со хемотерапија, радиотерапија, билолошка терапија. Во моментот недостигаат лекови како дел од третманот за 40 до 60 пациенти. Верувам дека ќе ја обезбедиме во најбрз временски …

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија Read More »

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ?


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од денешниот брифинг заедно со директорите на претпријатијата и раководителите на сектори одговори на писмото на Сојузот на борци кои му порачаа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Касами рече дека тоа е минато време и систем, а имињата на улиците ќе рефлектираат …

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ? Read More »

Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново


По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни. Воедно, дел од …

Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново Read More »

Повик за бојкот на маркетите и во Македонија – „Попусто попусти!“


Преку социјалните мрежи во последните два дена се шири повик за бојкот на маркетите низ земјава во петок, поради високите цени на храната. На социјалните мрежи се проширија и две илустрации со кои се повикува на бојкот на 31 јануари (петок). Поддршката за идејата за бојкот на маркетите што се рашири низ социјалните мрежи расте …

Повик за бојкот на маркетите и во Македонија – „Попусто попусти!“ Read More »